Што е афлатоксинот, како дошол во млекото и како влијае на организмот?

Афлатоксинот е производ на развивањето на мувлата Аспергилус флавис. Се јавува во пределите каде владее влажна клима, но како последица на суша.

Како афлатоксинот дошол во млекото?

Преку пченката која се користи како исхрана за добитокот, афлатоксинот успеал да влезе во организмот на кравите. Овој токсин кој се наоѓа во млекото е најсилен и е препознатлив како канцерогена материја.

Најчеста болест- рак на црниот дроб

Повозрасните луѓе имаат поголема толеранција на афлатоксинот, бидејќи е широко распространет во природата. Сепак, доколку постојано сте изложени на неговото дејство, опасноста станува се’ поголема, а најчесто заболување е ракот на црниот дроб.

Со сточната храна и одредени концентрати може да се додадат одредени минерали кои им овозможуваат на животните да го исфрлат отровот од организмот и да не го врзат во нивното месо.

Од три до седум дена откако ќе се прекине исхраната на молзните крави со контаминирана храна, афлатоксините исчезнуваат од млекото.

Бидејќи сточната храна е контаминирана од заразена пченка, овој канцероген производ ќе се најде во сите производи кои биле во добир со затруената храна: во млекото, сирење и други млечни производи. Потрошувачите ниту по вкус ниту по мирис не може да се посомневаат дека млекото или другите производи се токсични.

Постојат и неколку видови на храна кои се отпорни на оваа токсична материја: соја, грав, пченица, овес и јачмен.

Што може афлатоксинот да му направи на организмот?

Токсичните ефекти на примарната акутна микотоксикоза се манифестираат како воспаление на органите за варење. Акутната афлатоксикоза се одликува со големо влошување на состојбата на организмот, внатрешни крварење и смрт. Но, сепак да дојде до вакви промени мора да се внесе исклучително голема количина афлатоксин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...