Болест која ве фаќа после оргазам?!

За несреќа на некои луѓе, сексот им предизвикува сериозни алергиски реакции кои сè уште не можат да бидат објаснети од научниците.

Што ако веднаш после сексот настинете? Тоа е сценарио од ноќна мора, кое повеќето не можат ни да го замислат. Но, за мал број луѓе шриум светот, тоа е реалност.



Веднаш после ејакулацијата, мажите алергични на секс доживуваат симптоми слични на грип, вклучувајќи треска, течење на носот, вкочанетост на зглобовите и проблеми со краткорочното помнење. Истражувачите ова го нарекуваат „синдром на пост-оргазмична болест“.

Џејсон, 30-годишен инженер од Колорадо, САД, почнал да пати од овие симптоми откако влегол во пубертет. Реакциите се јавувале после сексот, маструбациите, па дури и гледањето порно емисии. Неколку минути после ејакулација, симптомите се појавувале, а обично траеле и до две седмици. Болката била толку интензивна што го убивала неговиот сексуален живот.

- Се доведував до ситуација да кажам дека никогаш нема да имам секс и да ејакулирам. Успеав да се воздржам година дена, вели Џејсон.

Некогаш ова се сметало за психолошка болест, но истражувачите од Холандија неодамна заклучиле дека оваа состојба може да биде предизвикана заради алергија на сперма. Тимот проучувал 33 мажи кај кои се појавувале тие симптоми, правејќи им проби на кожата користејќи разредена форма на сперма. Дури 88 проценти од тестираните мажи позитивно реагирале на тестот за алергија.



Но, други научници, пак, сметаат дека речиси е невозможно мажот да биде алергичен на сопствената сперма.

Оваа „болест“ е релативно нова и е документирана во медицинските списанија од 2002-та година, а нејзиното лечење во САД е ограничено.

Џејсон живее релативно нормален живот, а неговата девојка го разбира неговиот проблем, но сепак во нивната врска сексот не изостанува. Тој успеал да ја прифати својата состојба, иако воопшто не му било лесно.

- Мажи, вие најдобро знаете како е тоа, особено додека сте млади. Во раните 20-ти сакаме да имаме секс што почесто, па ако треба да чекаме две седмици за нас тоа е цела вечност. Но, доколку ги имате овие симптоми, воопшто не е лесно. Се чувствувате страшно кога ќе се појават, а единствениот начин да се чувствувате подобро е да имате секс. Сето тоа се движи во круг, како кај корисниците на дрога, објаснува Џејсон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...