Страшно е што му прави солта на телото

Следниот пат пред да посегнете по соларникот размислете добро! Прекумерниот внес на натриум предизвикува оштетување на клетките и го забрзува процесот на стареење, а тој ефект е најочигледен кај луѓето со прекумерна тежина.



Имено, новото истражување покажало дека тинејџерите со прекумерна тежина, кои консумираат многу солена храна, побрзо стареат. Американските научници откриле дека таквите млади личности покажуваат знаци на побрзо стареење на клетките, но исто така имаат и поголем ризик од срцеви заболувања, пренесува Daily Mail.

Студијата исто така открива дека намалувањето на внесот на сол може да го забави процесот на стареење на клетките, а токму тоа може да биде особено ефикасно кај луѓето кои имаат проблеми со тежината.

Претходно е докажано дека заштитните краеви на хромозомите, познати како теломери, природно се скратуваат, а тој процес се забрзува со пушење цигари, недостаток на телесна активност и висок сооднос на телесни масти. Но, оваа студија била прва која го испитала влијанието на внесот на сол на должината на теломерите.

Во неа учествувале 776 луѓе на возраст помеѓу 14 и 18 години, поделени во две групи во зависност од внесот на сол. Научниците откриле дека тинејџерите со прекумерна тежина кои внесуваат многу сол имаат значајно пократки теломери за разлика од останатите. Но, кај оние со нормална тежина се воспоставило дека внесот на натриум не игра голема улога во должината на теломерите.



Инаку, теломерите се наоѓаат на краевите на хромозомите и ја штитат ДНК од оштетувања. Како што старееме, теломерите сè повеќе се скратуваат, што доведува до оштетување на ДНК, што пак резултира со поголеми шанси за појава на Алцхајмерова болест, дијабетес и срцеви заболувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...