Што значи здрава вагина?

Новите студии откриваат дека бактериите кои нормално живеат во вагината се разликуваат од жена до жена и може драматично да се сменат во многу краток временски период. Овие промени веројатно ќе ја сменат и дијагнозата за вагиналните инфекции и нивното лекување.

- Ова со сигурност ќе ги промени дијагнозите, превенцијата и лекувањето на вагиналните инфекции. Покрај другото, вагиналните инфекции ќе биде многу потешко да се откријат на овој начин. Ако вагиналните бактерии се менуваат за брзо време, колку сте сигурни дека тоа е само инфекција, изјави Стивен Дехурс од универзитетот по медицина во Рочестер, Њујорк.



Не се исти сите вагинални инфекции

- Кога се работи за вагинални инфекции, речиси сите жени се лекувале на ист начин. Кај некои жени лекувањето завршува одлично, а кај некои нема никакви промени. Сега веќе знаеме дека жените не се исти, изјави предводникот на ова истражување Жак Равел, професор по микробиологија и имунологија.

Понатамошните истражувања кај истите испитанички покажале дека постојат пет основи на флора во вагината. Рамнотежата на флората е витална за заштитата на вагината од инфекции, вклучувајќи и сексуално преносливи болести. Но, бактериските вагинални инфекции се навистина честа појава.

Како беше извршено истражувањето

Равел и неговите колеги ги собраа примероците од вагиналните инфекции на 32 здрави жени, кои ги испитуваа два пати неделно во период од 4 месеци и потоа ги анализираа. Повторно, тие открија 5 основи на флора и забележаа дека кај некои жени тие многу брзо се менуваат, додека кај други остануваат стабилни. Во одредени случаи, жените биле заразени со инфекција, но не покажувале никакви симптоми.



- Ова го менува она што мислевме дека е нормално да се случува во вагината, изјави Дехурс.

Промените во нормалните бактерии варираат во зависност од нивото на хормонот естроген за време на месечниот менструален циклус, составот на бактеријата во вагината и сексуалната активност. За составот на бактеријата важна е и исхраната на жената, според тоа мора да се внесуваат витамини и здрави намирници.

- Бактериските инфекции се поврзани со пренесувањето на ХИВ вирусот и други сексуално преносливи болести, па ова е особено висок ризик фактор. Мора да размислиме за начинот на кој му приоѓаме на женското здравје и дијагнозите, бидејќи е особено важно, изјави Дехурс.

Вагиналните бактерии може да влијаат врз бременоста и плодноста. Составот на женската бактерија и машката сперма може да значи дека жената може да е неплодна со еден маж, а плодна со друг. Сега сфаќате колку е важно женското здравје, па грижете се за истото!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...