Опасноста од одложувањето на менструалниот циклус

Контрацепцијата веќе одамна им овозможува на жените слобода во изборот на животот за тоа кога ќе сакаат да зачнат, но и за регулирање на месечниот циклус во зависност од нејзината динамичност.

Менструалниот циклус може да се одложи на два начина, преку контрацептивни таблети и преку таблети кои содржат прогестагени хормони. Жените ги користат контрацептивните таблети за спречување на несаканата бременост, но и за регулирање на месечниот циклус. Па така, според датумот на кој се земаат овие таблети и овулацијата, жената може да ја одложи менструацијата. Така на пример, кога жената сака да добие менструација, престанува со консумирањето на овие таблети, па менструацијата се појаува во рок од два до три дена. За разлика од нив, таблетите со прогестагени хормони ги користат жените кои не користат контрацептини таблети. Потребно е да се консумираат два до три дена пред очекувањето на менструалниот циклус, а терапијата продолжува онолку дена колку што жената сака да ја одложи менструацијата.



Сепак, гинекологот д-р Саболовиќ Рудман ги предупредува жените дека тоа последователно крварење не е менструацијата, туку реакција од консумирањето на тие хормонални таблети и покрај тоа што изгледа како менструација.

Несаканите ефекти кои се јавуваат поради одложување на менструалниот циклус со овие таблети се исти како при консумирање на истите како контрацепција. Ако жената добро ги поднесува контрацептивните таблети, тогаш нема да има несакани ефекти. Но, кај секоја жена имаат различно влијание.

- Како што нашето тело е биолошки хармонизирано со месечната промена, така и во случај на често и подолго користење на овие таблети, може да доведе до нерегуларности кај месечниот циклус и тоа при подолг период, изјави специјалистот по гинекологија д-р Ула Мартон.

Што се однесува до временскиот перод на одложување на крварењето, д-р Ула советува тоа најчесто да се практикува во краток временски период (од 5 до 10 дена) за да нема никаква опасност. Таа ги предупредува жените дека подолгото одложување на менструалниот циклус може да претставува опасност по женското задрвје и според тоа не го препорачува. Ова им е дозволено само на жените кои патат од ендрометриоза и кај нив менструацијата намерно се одложува година дена.



- Исто така и жените кои имаат мошне активен живот (спотристки, балерини, жени астронаути) мораат некогаш да го прекинат крварењето, но исто така мораат да му дозволат на менструалниот циклус барем на кратко да го раздвижи нивниот внатрешен часовник, додава д-р Мартон.

И покрај тоа што жените консумираат контрацептивни таблети и таблети со прогестагени хормони, тие повторно имаат предменструални тегоби, но кај нив се помалку изразени од жените кои не користат контрацепција. Доколку консумирате вакви таблети – а сѐ уште имате болни симптоми, тогаш треба да размислите да ги промените. Сепак, внимавајте со употребата на таблети кои влијаат врз вашите хормони и секогаш консултирајте се со вашиот гинеколог, кој добро го позната вашето тело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...