Ги користат милиони – а го зголемуваат ризикот за мозочен удар до 85%

Лековите против болки кои ги користат милиони луѓе, се поврзани со зголемен ризик од неправилна работа на срцето, што може да доведе до мозочен удар. Зголемениот ризик од развивање на атријална фибрилација може да изнесува дури и до 85%, предупредуваат холандските научници.



Атријална фибрилација – водечката причина за прв мозочен удар – се случува кога горната срцева комора го губи правилниот ритам на чукање и чука побрзо од нормалното, што доведува до згрутчување на крвта.

Многу луѓе употребуваат лекови како што е ибупрофенот. Во истражувањето кое траело 13 години, се следело здравјето на срцето кај 8.423 луѓе. Просечната возраст на испитаниците била 68, а повеќе од половина биле жени. Во тоа истражување, 857 испитаници развиле атријална фибрилација, од нив 261 никогаш не користеле лекови, 554 користеле но во периодот пред испитувањето, додека за време на испитувањето 42 испитаници користеле лекови против болки. За време на ова истражување, земени се во предвид возраста, полот и срцевите проблеми.



Користење на лекови против болки, 30 дена пред поставувањето на дијагнозата, било поврзано со 85% зголемен ризик од атријална фибрилација. Се смета дека овие лекови може да допринесат до проблеми со ритамот на срцето, бидејќи го зголемуваат крвниот притисок поради задржување на течностите во телото.

- Нашите резултати сугерираат дека зголемен ризик е  при почетокот на лечењето и дека со тек на времето може да се намали, изјави Бруно Стикер, дел од ова истражување.

Истражувачите исто така открија дека освен што се зголемува ризикот за мозочен удар, се зголемува и ризикот за срцев удар. Поради тоа, за секој еден лек кој сметате дека треба да го консумирате, најпрво консултирајте се со вашиот доктор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...