Мажи, внимание: Вијаграта предизвикува рак?!

Иако, откако пред скоро две децении се појави и внесе своевидна сексуална револуција во многу бракови, и на многумина мажи од сите возрасти им овозможи да водат љубов, вијаграта се покажа како смртоносен лек.

Имаме многу лоша вест за сите припадници на посилниот пол кои својата ерекција ја зајакнуваат со вијагра. Последните истражувања покажуваат дека малата сина пилула за 84 отсто ја крева веројатноста да заболите од малиген меланом, смртоносен рак на кожата.

Со истражувањето спроведено на 26.000 испитаници од САД и Кина со просечна старост од 65 години, научниците од Браун Универзитетот дојдоа до заклучок дека дури и оние мажи кои само еднаш ја земале оваа сина пилула имаат двојно повеќе шанси да заболат од оваа тешка и неизлечива болест.

Сепак, експертите се уште не сакаат да ги спречи мажите да земаат вијагра, бидејќи веруваат дека неопходно е да се спроведат додатни истражувања, во случај нивниот заклучок да е погрешен.

- Во прашање е само едно, прелиминарно истражуивање и поради тоа нема да предложиме мажите да се откажат од вијаграта. Меѓутоа, советуваме обавезно да се посоветуваат со својот дерматолог околу тоа дали смеат да продолжат со терапијата против еректилна дисфункција, рече ко-авторот на истражувањето, др. Абрар Куреши.

Се покажа дека вијаграта не го зголемува ризикот од друг вид на рак на кожата, како карцином на базалните клетки или карцинот на плочестите (сквамозни) клетки. Во студијата ќе се земат во предвид и другите фактори за јавување на рак на кожа, од изложеност на сонце до смејна анамнеза.

Покрај опасноста од јавување на малиген меланом, несаканите дејства на вијаграта се појава на киселини во желудникот, мачнина и силни главоболки, а овој лек не се препорачува и на мажите со ангина пекторис или зголемен крвен притисок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...