Одделени сијамски близнаци по тешка операција

Џени Езел е мајка на сијамски близнаци, која по тешки денови конечно се насмеа. Нејзините близнаци, Овен и Емит, се родиле сврзани од нивната градна коска до бутната коска, при што делеле неколку органи, вклучувајќи го нивниот црн дроб и цревата. Кога се родиле, докторите ги известиле родителите дека овие близнаци нема да преживеат.



Сепак, докторите се нафатиле на операција уште кога тие  имале 6 недели. За време на тешката операција од 9 часа, одделен е црниот дроб и цревата, заедно со најтешкиот дел, крвниот сад во црниот дроб.

Оттогаш тие живеат под постојана медицинска нега во болницата. Сега имаат 9 месеци и навистина се закрепнати и зајакнати. Во овие случаи инфекцијата секогаш е дополнителна грижа, но нивниот прогрес навистина воодушевува.



- Никогаш не можеш да предвидиш што ќе се случи, но овие две момчиња навистина се вистински борци, изјавил д-р Том Ренард, педијатарот кој учествувал во операцијата.

Овие денови бебињата треба да ја напуштат болницата. Нивниот татко, Дејвид Езел, вели дека семејството конечно се ослободило од целата тензија која ја доживеало во претходните 9 месеци.

- Конечно целата фамилија ќе се соедини и ќе имаме нови предизвици, изјавил тој.



За време на рехабилитацијата тие ќе поминат низ некои процеси на заздравување. Треба да носат цевче преку кое дишат и други помагала кои им ја овозможуваат работата на органите. Сепак, еден ден ќе можат животот да го живеат како и секој здрав човек, ослободени од секаков вид на помагала кои во моментов им се неопходни за нормално  функционирање на органите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...