Ако имате проблеми со забите внимавајте на срцето

Луѓето кои имаат проблеми со забите имаат поголеми шанси да доживеат одредени проблеми со срцето, докажуваат научниците. Тие открија дека здравјето на забите влијае врз здравјето на срцето, крвниот притисок и нивото на холестерол.



Во истражувањето учествувале 15.828 испитаници, кои имале проблеми со здравјето на срцето. За време на истражувањето одговарале на прашања поврзани со здравјето на усната шуплина, а особено на забите. Воочено е дека сите кои имале проблеми со срцето имале одредени проблеми и со забите. Се разбира, тука се забележувале и други фактори, како што е исхраната и пушењето.

На основа на добиените податоци, научниците заклучиле дека навистина постои поврзаност меѓу забите и срцето – луѓето кои имаат проблеми со забите имаат поголеми шанси да доживеат одредени проблеми со срцето.

- Потребно е да се направат додатни истражувања, но без никакво сомневање постои поврзаност меѓу здравјето на забите и здравјето на срцето. Токму затоа важно е луѓето да се грижат за здравјето на нивната усна шуплина, особено забите, бидејќи на тој начин превентивно ќе делуваат и на здравјето на срцето, изјави д-р Ола Ведин од универзитетот Упсала.

Ова откритие има огромно значење, бидејќи срцевите болести се на врвот на листата на причини за предизвикување смрт во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...