Хроничната болка е генетски наследна

Се прашувате зошто некои луѓе се поиздржливи на болка од други? Едно ново истражување смета дека одговорот се крие во гените.

За разлика од нормалната акутна болка, чувство кое го испраќа нервниот систем на телото со цел да го предупреди за можна повреда – хроничната болка е постојана при што испраќа сигнали на нервниот систем цели недели, месеци или години.



Хроничната болка може да се појави од некои последователни болести, како што е артритисот, канцерот или некоја инфекција, па дури може да се појави и кај луѓе кои не претрпеле одредена повреда или болест. Оние кои патат од хронична болка често имаат главоболки и болки во половината, а можат да почувствуваат и синдром на хроничен умор, ендометриоза, фибромијалгија и уште многу други сложени болки.

За хроничната болка обично се препишуваат одредени лекови, акупунктура, електрична стимулација, мозочна стимулација, а во одредени случаи пациентот може да подлежи и на операција. Некои доктори изведувале и плацебо терапии кои се покажале доста успешни.

Со цел да се измери интензитетот на хроничната болка, истражувачите испитале 2.721 пациенти со хронични болки и им го оценувале интензитетот од 1 до 10. Сите пациенти земале лекови против болки.



Истражувачите ги поделиле пациентите во три групи. Оние кои имале болки со интензитет од 1 до 3 биле во групата на слаба болка, оние со болка од 4 до 6 во групата средна болка, додека луѓето со болки од 7 до 10 спаѓале во групата јака болка. Повеќето од испитаниците, односно 46%, имале средна накај јака болка, додека само 9% имале слаба болка.

При ова испитување тие открија дека генот DRD1, бил повеќе застапен кај пациентите со слаба болка отколку кај пациентите со јака болка. Преку оваа студија се откри дека хроничната болка сепак потекнува од гените, односно доколку вашите блиски пателе од хронична болка, најверојатно и вие ќе патите.

Обидете се редовно да медитирате и вежбате, избегнувајте стресни ситуации и редовно одете на контрола кај вашиот фамилијарен лекар, кој добро ја познава историјата на болести.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...