Вештачката вагина ми го промени животот

Жените кои се родени без вагина или пак имаат некаква аномалија конечно може да се надеваат на нормален живот, откако пионирскиот научен потфат за вградување на вештачки вагини добиени од матични клетки, се покажа како мошне функционален.

Четири жени, меѓу кои и Мексиканката Џули, се подложија на операција за вградување на вагина, поради тоа што имаат MRKH синдром кој ги прави нивните вагини нецелосни. Синдромот се јавува кај една од 4500 жени и не се открива по детален преглед бидејќи вообичаено од надвор вагината изгледа сосема нормално.

-Не верував дека сето ова ќе функционира. Знаев за многу други процедури и ми беше сосема неубедливо дека се може да се заврши во лабораторија, вели Џули која ја направила својата операција пред 8 години на возраст од 18 години. Денес таа води нормален сексуален живот, а нејзината вештачка вагина од лабораторија функционира беспрекорно.

-Многу сум среќна затоа што имав шанса за ваква операција и нормален живот. Знам дека сум една од првите. Мошне е важно девојките кои имаат ваков проблем да дознаат дека ја имаат и оваа опција на располагање, објаснува Мексиканката.

Вообичаената постапка кај жени кои го имаат ова пореметување вклучува реконструкција на репродуктивните органи или нивно проширување, кое е мошне болно. Постапките најчесто се трауматични за пациентките, а во 75 проценти доаѓа до определени компликации.

Во новата постапка при која што се создава вештачка вагина од секоја пациентка се земаат примероци од епителни и мускулни клетки од пределот на вагината и во лабораторија се создава половиот орган, кој потоа по пат на операција се вметнува во женското тело. Благодарение на тоа, пациентките можат да имаат нормални сексуални однос, па дури и да доживеат оргазам, но не и да имаат деца.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...