Симптоми на рак кај жената

Многу симптоми ги препишуваме на разни причини, но она на што тие укажуваат се всушност малигни болести. Чувствувајте ги промените на вашето тело, редовно извршувајте контроли и не си ја поставувајте самите дијагнозата, бидејќи можно е да погрешите без претходни испитувања.



Промени на градите

Ако почувствувате грутка при допир, необични промени или исцедок од брадавиците, никако немојте да ги игнорирате. Дури и ако редовно правите ултразвук или мамографија, секоја промена на градите е причина за да посетите лекар. Иако 95% од промените се бенигни, тоа е најдобар начин за превенција на болести и спасување на сопствениот живот.

Крв во столицата

Ракот на дебелото црево е трета најчеста причина за смрт кај жените, а еден од неговите симптоми е крвавење од ректумот. Крв во столицата може да се поврзе и со хемороиди, но ако при темна крв се појавуваат и симптоми како што се промена во редовноста или изгледот на столицата, мора да посетите лекар. Колоноскопијата е прегледот кој може да спаси живот, исто како и брзото воочување на симптомите.

Необичен исцедок и нередовна менструација



Иако вагиналниот исцедок е вообичаен, сепак ако е долготраен и има интензивен мирис можно е да е знак за рак на грло на матка. Уште еден симптом е и крвавењето по менструалниот циклус кај жени кои немале менструација подолго од 12 месеци.

Промени во лимфните јазли

Ако лимфните јазли се болни, тврди или поголеми од вообичаено, посетете доктор. Тоа особено се однесува на лимфните јазли во делот околу вратот и пазувите, како и оние кои не се поврзуваат со претходна болест или воспаление. Овие промени може да се однесуваат при појава за карцином на штитната жлезда, но и на други болести. Биопсијата на јазлите е проверен начин за анализа.

Надуеност



Ракот на јајниците е прва причина за смрт меѓу малигни болести кај репродуктивните органи, а често се нарекува и тивок убиец. Научниците истакнуваат дека надуеноста е прв знак за појава на болеста, а подоцна таа се развива правејќи проблеми при мокрење, болки во половината и на карлицата. Доколку ги имате овие симптоми треба да направете ултразвук и гинеколошки преглед.

Необјасниво слабеење или дебелеење

Ако наеднаш изгубите или добиете повеќе од 5кг, а не ја менувате вашата исхрана или навиката за вежбање, тоа е очигледен знак дека со организмот нешто не е во ред. Повеќето пациенти кои патат од рак, потврдиле дека со месеци слабееле пред да посетат доктор, иако тоа може да биде и знак на прекумерна работа на штитната жлезда или на дијабетес.

Кашлица



Секоја кашлица која не поминува за две до три недели по болеста, алергијата или настинката е знак за посета на лекар. Тоа особено се однесува за пушачите, бидејќи научниците тврдат дека пушењето е главна причина за појава на рак кај жените, но од рак на белите дробови може да заболат и непушачите. Рендгенската снимка на белите дробови и CT скенерот ќе ви го оттргнат двоумењето за болест.

Постојан замор

Хроничниот замор кој не се подобрува ни по подолго одмарање и спиење, обично е симптом кој може да упатува на малигни болести. Леукемија, карцином на цревата и други тумори може да доведат до појава на замор, поради што е многу важно да се најде конкретната причина. Било да се работи за поголем или помал проблем, најважно е да се знае причината.

Промени на кожата



Мора постојано да ги следите бенките, пегите и раните на слузокожата кои не зараснуваат. При секоја забележана промена треба да се консултирате со лекар. Појавата на нови бенки мора да биде причина за грижа, но секако мора да посетите дерматолог ако бенката почне да расте, да менува боја или да крвави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...