Што се случува во организмот после една пијана вечер?

Сте излегле навечер за да се забавувате и ви тргнало со пиењето, па наместо умерена доза, малку сте претерале со чашките алкохол. Веруваме дека ова сценарио ви е многу добро познато.

Покрај тоа што најверојатно следното утро ќе се чувствувате мамурно и ќе ве мачи главоболка, постојат други опасни работи кои се одвиваат во вашиот организам.



Преку едно неодамнешно истражување, научниците откриле дека само една ноќ проследена со консумирање алкохол може да предизвика испуштање на цревни бактерии и штетни токсини во крвотокот. Овие бактериски токсини, наречени ендотоксини, поттикнуваат создавање на клетки кои се вклучуваат при воспаленија, грозница, како и при распаѓање на ткивото.

Во истражувањето учествувале 25 лица, од кои 11 мажи и 14 жени. Било спроведено на тој начин што на испитаниците им била вадена крв за испитување на секој половина час за време на првите четири часа, а потоа и 24 часа по внесот на алкохол.

Според научниците, опијанувањето е начин на внесување на алкохол во организмот после кој концентрацијата на алкохол во крвта расте од 0,8 проценти па нагоре.



Резултатите покажале дека нивото на алкохол во крвта побавно се намалува кај жените отколку кај мажите. Дури и 24 часа по прекинувањето на консумацијата, жените имале повисока концентрација на алкохол во крвта.

Нивото на ендотоксините, кои се ослободуваат во клетките на цревата, нагло пораснало после само 30 минути изминати од консумацијата на првата чаша, а останало високо речиси целото време додека траело истражувањето, како кај жените, така и кај мажите.

- Ендотоксините може да ви го нарушат имунолошкиот систем. Исто така, може да дојде до појава на болка во мускулите бидејќи телото ги превзема хранливите материи од таму. Тоа е причина зошто често се чувствува болка во рацете и воспаление после пијана ноќ, вели предводникот на истражувањето, д-р Szabo Gyongyi од Факултетот за медицина при Универзитетот во Масачусетс.



Долготрајното опивање предизвикува постојано присуство на ендотоксини во крвотокот, што на крајот може да доведе до воспаление на црниот дроб.

Следниот пат кога ќе излезете да се забавувате при што консумацијата на алкохол би била неизбежна, потрудете се тоа да не го правите на празен желудник, да пиете вода постојано и да застанете после третата чаша.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...