На оваа тема пишува Прим. Др. Мирослав Спасовски специјалист дерматовенеролог во Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

Сончање, неговите негативни дејства и фотозаштита

Светлината е дел од широкиот електромагнетен спектар – јонизирачко зрачење, ултравиолетово, видливиот дел на спектарот, инфрацрвеното зрачење и радиобрановите. Во потесна смисла, под светлина го разбираме видливиот дел од спектарот, а во медицинска додатно и ултравиолетовата и инфрацрвената светлина.



Сонцето е главниот и природен извор на светлината. Широкиот спектар на Сончевото зрачење на својот осумминутен пат до Земјата делумно се апсорбира во Земјината атмосфера (најмногу во озонската обвивка, елиминирање на зраците со бранова должина пократка од 290 нанометри – УВ Ц зраци и јонизирачко зрачење).

Количината на Сочевото зрачење кое допира до кожата зависи од бројни фактори и променлива е (годишна сезона, делови од денот, морско сонце, временски прилики, подлога -рефлексија). Сончевата светлина која допира до површината на Земјата се состои од – УВ Ц 0,0%, УВ Б 0.5%, УВ А 6,5%, видливо светло 39,0%, инфрацрвено 54,0%.

Вештачки извори на светлина (неонски, халогени , живини лампи и ласер) главно служат за осветлување или во медицински цели (терапија со светло и фотодијагностика), како и во козметички цели (солариум).

Физиологија на делување на светлината

Светлината делумно се рефлектита од површината на кожата, а делумно се апсорбира. После апсорпцијата и фотохемиските реакции во клетките (кератиноцитите, меланоцитите, клетките на имуниот систем) доаѓа до различни позитивни и негативни дејства. УВ – делот (УВ Б, како и УВ А во одредени дози) биолошки се посебно ефикасни.

Како физиолошко дејство на светлината ќе ги истакнеме:

  • Синтеза на Д – витаминот
  • Антимикробното дејство
  • Загревање на кожата
  • Имуностимулација
  • Позитивно психолошко дејство

Природна заштита и адаптациски реакции

Прим. д-р Мирослав Спасовски - Специјалист дерматовенеролог

Потенцијалното штетно дејство на УВ зрачењето на кожата може делумно да се компензира со заштитните и адаптациски механизми на организмот. Заштитата доаѓа од – расниот тип на кожата, околината, соодветен пигментен состав на кожата (количина/распоред на пигментот меланин). Во УВ апсорпција учествува и рожнатиот слој на кожата и супстанци како уроканинската киселина.

Адаптациските механизми се моментната пигментација (активирање на процесот на создавање на пигментот меланин под дејство на УВ А, УВ Б зраците), касна пигментација (синтеза на меланин на море, УВ Б, УВ А), задебелување на површинскиот слој на кожата (УВ Б).

Патолошко дејство на светлината

Во патолошко дејство на светлината се вбројуваат :

  • Воспалителното дејство
  • Дегенеративното и
  • Пролиферативното дејство

Овие дејства се појавуваат кога ќе се пречекори толеранцијата на кожата (тип на кожа, респираторен и адаптациски капацитет на кожата). Овде разликуваме две можности:

1. Апсолутно превисока доза на зрачење кај нормална кожа, што резултира со акутно оштетување на кожата со директно дејство на светлината и хронично оштетување на кожата со директно дејство на светлината, што резултира со појава на карциноми на кожата.



2. Патолошка пречувтвителност на кожата на светлина, фотосесензитивност, со квантитативно или квалитативно променета реакција на светлина: фототоксична реакција на кожата и фотоалергиска реакција на кожата. Примери за контактни фототоксични супстанци се: фурокумарини, деривати на катран и бои. Примери за хематогени фототоксични материи се: псоралени, антибиотици (тетрациклини и налидиксична киселина), хлорпромазин, нестероидни антиинфламаторни лекови. Фотоалергиските реакции од контактен тип најчесто се провоцирани од антимикробни препарати, козметички препарати и екстракти од растенија. Примери за хематогени фотоалергени се сулфонамиди, нестероидни антиинфламаторни лекови и психофармаколошки препарати.

3. Овде треба да се напомене дека некои кожни болести покажуваат секундарно зголемена осетливост на светлина – лупус еритематозус, псориаза.

Фотозаштита

Основно е да се скрати времетраењето на изложеност на сонце, особено кај децата. Планирање на годишните одмори, избегнување на најјаките експозиции (лето, пладне), промена на навиките.

Фотозаштита со соодветна облека, потоа примена на препарати со УВ филтри (УВ А, УВ Б филтри), средства со заштитен фактор (пигменти нпр. Титаниум оксид). Фотозаштитните фактори (УВ Б) го продолжуваат времето на толеранцијата при експозиција, посебно важно за индивидуи со поголем ризик (тип на кожа I и II и кај децата) и/или кај јака експозиција.



Примената на фотозаштитни средства ја смалува појавата на на изгореници како и појавата на сите други оштетувања предизвикани од УВ зрачење – хронично оштетување на кожата, тумори на кожата, фотодерматози, имуносупресија.

Превентивна фототерапија се применува со цел да се зголеми толеранцијата (нпр. кај фотодерматоза од непозната причина) пред заминување на годишен одмор. Тоа се постигнува со УВ Б/ПУВА зрачење со цел да се постигне појава на пигментација и задебелување на површинскиот слој на кожата кој тогаш делува заштитно. Превентивно се препорачува земање на таблети со заштитен пигмент – каротен, провитамин А.

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

www.neuromedica.com.mk



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...