232 заби извадени од уста на тинејџер

Ашик Гаваи, 17-годишен тинејџер од Индија бил сопственик на вкупно 232 заби, кои ја зафаќале целата површина на неговата уста. Овој редок случај ги изненадил докторите во Индија.



Околу 18 месеци пред операцијата, тој почнал да се жали дека има болка и подуеност на долната вилица. Кога докторите од селото не можеле да увидат во што е проблемот, побарал помош во болницата во Мумбај. Ни д-р Сунанда Дивар не можела да го увиди проблемот со обични тестови, па решила да направи операција. Таа била запрепастена од забите во различни големини, скриени под неговото непце.

Докторката го дијагностицирала случајот како odontoma, која се случува кога надворешноста на вилиците растат абнормално, при што се создаваат голем број на заби. Оваа состојба е ретка, а забите можат да предизвикаат бениген тумор.



Операцијата траела цели 7 часа, а докторката оперирала со помош на хирург и двајца асистенти. Сепак, тие не можеле да ги извадат забите со стандардна процедура, па морале да употребат некои застарени методи. На крај успеале да ги извадат сите 232 заби заедно со непцето на кое што се создавале забите.

Д-р Дивар изјавила дека најголемата количина на заби формирани од оваа состојба биле 37, но би требало да направи понатамошни истражувања. Сепак сподели дека оваа ситуација се нема случено во стоматолошката пракса цели 30 години.



По операцијата, Ашик останал со 28 заби, односно нормалната количина на заби за еден возрасен човек.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...