Од вашите стапала можете да откриете важни работи

Нашите стaпала претставуваат одличен барометар на нашето здравје, доколку знаеме да толкуваме што се обидуваат да ни „кажат“. Дамките на стaпалата или, пак, деформитетот на прстите може да бидат симптоми на сериозни болести кои се манифестираат на стопалата многу порано отколку на останатите делови од телото.

Студени стапала

Хронично студените нозе може да бидат последица на лоша циркулација, заради што до екстремитетите не доаѓа доволно крв. Високиот притисок, пореметената функција на штитната жлезда, срцевите заболувања и пушењето, кое ја намалува способноста на белите дробови да апсорбираат кислород, создаваат дополнителни проблеми. Затоа, на оние кои имаат проблеми со ладни стапала им се советува да го посетат лекарот за да ја исклучат можноста од наведените болести.

Сврбеж

Иако сврбежот најчесто се поврзува со атлетскo стaпалo, габична инфекција која е последица на целодневно носење затворени чевли и зголемено потење, сврбежот може да биде предизвикан од алергиска реакција или псоријаза.

Промена на бојата на кожата

Осипот или габичната инфекција, како што е атлетското стапало, може да води кон црвенило на кожата, но промената на бојата може да се јави и како одговор на студ или на стрес, заради промена на циркулацијата на крвта. Но, во ретки случаи, оваа појава може да биде почетен знак на посериозна состојба како ревматоиден артритис или лупус.



Отечени стапала

После долго одење, стоење или носење несоодветни чевли, нозете отекуваат. Но, доколку отокот е присутен постојано, тоа може да биде последица на неправилна работа на бубрезите или срцето, или пак реакција на лекови за дијабетес и висок крвен притисок. Отечените нозе може да предизвикаат остеопороза и ревматиден артритис. Доколку отокот не спласнува, најдобро е да го посетите лекарот.

Промена на обликот на прстите

Доколку забележите дека ноктите ви се заоблуваат и прстите го менуваат обликот, најдобро е да го проверите здравјето на белите дробови и срцето. Ненадејните такви промени може да означуваат намален доток на кислород во крвта, а покрај проблеми со дишните патишта и срцето, ова би можело да биде симптом на т.н. Хронова болест, која претставува неспецифично воспаление на дигестивниот тракт.

Чувство на горење

Чувството на горење во стапалата може да се јави од замор или од вообичаени инфекции, како инфекцијата на атлетско стапало. Но, доколку ова чувство не е поминува, може да означува оштетување на нервите или нарушување на циркулацијата познато како периферна артериска болест. Во случај чувството да стане интензивно и да трае со недели, барајте совет од лекар.



Болка во палецот

Болката во палците на стапалата може да биде симптом на одреден вид на артритис, па затоа доколку истата не престанува, обратете се кај вашиот лекар.

Пожолтени нокти

Габичната инфекција на ноктот најчесто започнува како жолта точка под врвот на ноктот. Доколку не се забележи или не се третира, оваа точка може да се рашири низ целиот нокт и околните прсти. Покрај минималната болка и естетската штета, имфекциите на нозете не рефлектираат некој особен здравствен проблем. Меѓутоа, доколку боледувате од дијабетес, непроверената габична инфекција може да ја попречи циркулацијата на крвта до стапалата, што може да доведе до посериозни здравствени компликации.

Бели дамки на ноктите

Појавата на бели дамки не мора да означува проблеми со здравјето. Наспроти раширеното верување, овие дамки не се поврзани со недостаток на витамини и се сметаат за безопасни. Но, доколку истата е предизвикана од одвојување на ноктот од кожата, тоа може да биде резултат на повреда на ноктот или на габична инфекција, која може да се распространи низ целиот нокт и да предизвика негово целосно одвојување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...