Заменила 40 лекови со свеж сок од канабис

Истражувањата за ефектите на марихуаната покажуваат дека кога се користи за медицински цели може да помогне кај многу типови на заболувања.

Кај пациентите со глауком го намалува очниот притисок, кај епилептичарите ја намалува можноста за напад додека некои испитувања покажуваат и дека го спречува ширењето на ракот.

Кристен Пескуски на 16 години била дијагностицирана со јувенилен ревматоиден артритис кој предизвикал низа други состојби како лупус и ред други болести. За да го одржи своето тело во добра состојба била принудена да зема 40 различни лекови. По препорака на доктор Вилијам Кортни, кој ја изучува употребата на марихуана во медицински цели, Пескуски започнала да пие сок од свежи листови марихуана.



-По 6 недели откако започнав да го користам сокот на дневна база повеќе немав болки, не ми беа потребни апчиња против болка, се чувствував подобро од било кога, вели таа.

Доктор Кортни и препорачал да ја користи марихуаната свежа бидејќи при загревање се губат сите корисни состојки кои можат да му помогнат на човечкото тело да оздрави.

Кристен открива дека пред употребата на свежиот сок не ни претпоставувала дека повторно ќе може да функционира како здрав човек.

-Бев врзана за креветот, додека докторите се трудеа да ми биде удобно. Тие не веруваа дека со нешто може да ми ја подобрат состојбата или дека ќе ја доживеам 30-тата. Тоа беше најдобрата опција на која што можев да се надевам. Да земам доволно лекови за да не чувствувам ништо, објаснува Пескуски.

Нејзината приказна е само една од многуте кои практично потврдуваат дека правилното користење на марихуаната ги лечи болестите.

Според истражувањата кои досега беа спроведени свежата марихуана може да помогне при:

  • болести поврзани со инфекции на дебелото црево
  • одржување на тежината и метаболизмот
  • го заштитува мозокот по претрпен удар
  • ги намалува негативните ефекти од хемотерапијата и го зголемува апетитот
  • ја подобрува ефикасноста на третманот на хепатит Ц
  • ја намалува болката при мултиплекс склероза
  • го намалува прогресот на Алцхајмеровата болест
  • ја намалува анксиозноста



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...