Deutsche Welle

Десет најопасни вируси на светот

Последиците од ширењето на вирусот на Ебола можеби изгледаат катастрофално, но Еболата не е најопасен вирус кој се шири на планетата. Не е ни ХИВ. Дојче веле донесува листа на 10 најопасни вируси во светот.

1. Најопасен вирус на светот е вирусот Марбург. Тој го добил името по малото идилично гратче во кој браќата Грим собирале идеи за своите сказни. Вирусот таму првпат е идентификуван во 1967 година, кога вработените во една лабораторија биле заразени преку зелени мајмуни од Уганда. Од марбуршката грозница тогаш настрадале седум луѓе. Вирусот Марбург предизвикува хеморагични заболувања и како и во случајот со еболата, предизвикува конвулзија и крварење на слузницата, кожата и органите. Стапката на смртност кај инфицираните лица е 90 отсто.

2. Постојат пет видови на Ебола, а секој од нив го добил името по некоја држава или регион во Африка. Заир, Судан, Рестон, Таи Форест, Бундибугио. Заирската ебола е најсмртоносна.

Таа предизвикува смртност во 90 отсто случаи, а се шири во Гвинеја, Сиера Леоне, Либерија и пошироко. Научниците велат дека заирската ебола во градовите најверојатно ја донеле летечки лисици, вид на лилјаци кои се хранат со овошје.

3. Ханта вирусот предизвикува различни видови на болести. Го добил името по реката меѓу Северна и Јужна Кореја, каде американски војници се заразиле со ханта вирусот во текот на Корејската војна во 1950 година. Овој вирус предизвикува заболувања на белите дробови, температура и инсуфициенција на бубрезите.

4. Различни видови на птичји болести обично предизвикуваат паника, што можеби е оправдано, бидејќи стапката на смртност во овие случаи е 70 отсто. Но, ризикот од добивање на H5N1 вирус, кој е еден од најпознатите, всушност е мал.

Со овој вирус можете да се заразите само по пат на директен контакт со живина, што објаснува поради што најмногу случаи се евидентирани во Азија, каде луѓето често живеат во непосредна близина на кокошки.

5. Медицинска сестра во Нигерија беше првото лице која се инфицирала со Ласо вирусот. Овој вирус го пренесуваат глодари, а неговата појава може да биде со голем ендемски карактер, што значи дека вирусот се јавува во одреден регион, на пример во западна Африка и може да се активира во кој било момент. Научниците тврдат дека 15 отсто глодари во западна Африка го носат ласо вирусот.

6. Вирусот Јунин предизвикува аргентинска хеморагична грозница. Луѓето кои се заразени со овој вирус страдаат од воспаление на ткивата, кожни крварења и сепса. Меѓутоа, проблемот е во тоа што овие симптоми се многу чести, што болеста тешко може да се дијагностицира на почетокот.

7. Виралната хеморагична грозница Крим-Конго се пренесува преку крлежи. По брзината на напредувањето слична е на еболата и марбургот. Во текот на првите неколку денови на инфекцијата се појавуваат игличести крварења на лицето, устата и во грлото.



8. Вирусот Мачупо предизвикува боливијска хеморагична грозница. Исто така е познат и како црн тифус. Инфекцијата предизвикува висока температура, проследена со обилни крварења. Напредува слично како и вирусот Јунин. Може да се пренесе од човек на човек, но и глодарите често се носители на заразата.

9. Научниците октрија и вирус во шумата Киасанур (КФД), кој за прв пат бил идентификуван во шумите на југозападниот брег на Индија во 1955 година.

Се пренесува преку крлежи, но научниците велат дека тешко се дефинира кои се точно носители на овој вирус. Некои тврдат дека можат да бидат глувци, птици и диви мачки. Заразените со овој вирус страдаат од висока температура, силни главоболки и болки во мускулите кои предизвикуваат крварење.

10. Грозницата Денга, позната и како кршач на коски е тропска болест која постојано се заканува. Ако планирате годишен одмор во тропските предели, обавезно информирајте се за овој вирус.

Го пренесуваат комарци, а годишно на популарните дестинации како што се Тајланд и Индија, со овој вирус се заразуваат од 50 до 100 милиони луѓе. Сепак, најзагрозени секако се тие 2 милијарди луѓе кои живеат во региони во кои се шири овој вирус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...