Лек за 5 месеци ја лечи ќелавоста

Пилула која се пие два пати на ден и може да излекува ќелавост предизвикана од alopecia universalis e откриена од страна на научниците.

Тие успеаја на тројца пациенти повторно да им израсне коса на главата за само пет месеци. Сега научниците имаат во план да спроведат уште тестови со цел наскоро овие апчиња да излезат на пазарот како стандарден лек за ќелавост.

Аlopecia universalis е состојба која најмногу ја напаѓа младата популација, од 15 до 29 години.

Оваа состојба е предизвикана од проблем со имунолошкиот систем кој резултира со уништување на клетките кои произведуваат коса.

За сега нема лек, па доколку на некои пациенти не им израсне коса повторно по нормален пат, тие остануваа ќелави до крајот на животот.

Научниците од Медицинскиот центар на Универзитетот Колумбија во Њујорк успеале да ги идентификуваат клетките кои ги уништуваат фоликулите.

Откако испробале неколку лекови, дошле до лекот ruxolitinib кој го дале на три ќелави мажи. Мажите го пиеле лекот два пати на ден и за пет месеци на нивната глава повторно пораснала коса.

Сепак, научниците откриваат дека ќе биде потребна некоја пообемна студија со цел да се открие причината и да се истестестира лекот.

- Ова е голем чекор напред кон решавањето на проблемот со ќелавоста. Ова е само еден добар знак дека може да се дојде до решение и добивање на стандардна процедура за повторно растење на косата, вели професорот Дејвид Бикерс, дерматолог на Универзитетот Колумбија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...