Грипот може да предизвика мозочен удар кај децата

Иако мошне ретко, настинката или грипот, како и останатите инфекции на респираторниот систем, може да предизвикаат мозочен удар кај децата. Д-р Хедер Фулертон, кој предава педијатрија и неврологија на универзитетот во Калифорнија смета дека токму овие инфекции играат голема улога при мозочниот удар, па затоа направи истражување.

Нејзиното истражување покажа дека ризикот за удар од инфекциите бил зголемен само во период од три дена. Тоа сугерира дека причината е акутно воспаление на артериите, истиот проблем што се јавува и кај возрасните кои доживуваат удар.



- Мозочниот удар е една ретка, но многу лоша компликација која може да му се случи на детето, изјави д-р Фулертон.

Сепак, хроничните инфекции или почестите инфекции не го зголемуваат ризикот од удар. Кога се работи за децата, ако се излекувате од настинката, сте го поминале ризикот и за мозочен удар. Но, децата со здравствени проблеми како што се срцевите болести, имаат поголеми шанси да добијат удар. Постои и мала бројка на деца кои немале никакви здравствени проблеми, а сепак преживеале мозочен удар.

- Кога мозочниот удар настапува, последиците не се секогаш добри. Смртната стапка е 5 од 10 случаи, па многу веројатно е детето да почине од ударот, вели д-р Фулертон.

Она што е позитивно е тоа што младоста може да му помогне на детето побрзо да закрепне, бидејќи децата имаат поголема мозочна маса од возрасните, чиј мозок се насобира со тек на време. Мозокот на детето се уште е во мошне здрава состојба и постојат многу мали шанси за отекување на мозокот по претрпениот удар.

Една третина од децата кои преживеале мозочен удар завршуваат со сериозни недостатоци, а друга третина имаат очигледен проблем, додека кај преостанатите има минимална штета, објаснува д-р Фулертон.



Во нејзиното истражување се испитувале податоците на 2.5 милиони деца. Од таа група, идентификувале околу 100 деца кои преживеале исхемичен мозочен удар (кој настапува по блокада на некој од крвните садови во мозокот). Ги споредиле тие деца со околу 300 деца кои не претрпеле удар. Децата со мали инфекции, како што се менингитисот или сепса биле исклучени од студијата.

Оние кои претрпеле удар, пред да го добијат ударот, се разболувале за 12 пати повеќе и тоа само од една минимална инфекција, за разлика од децата кои не претрпеле. Околу 80% од инфекциите биле респираторни.

Симптомите кои покажуваат дека вашето дете може да има мозочен удар се напад, главоболки, потешкотии во говорот, слабост на едната страна од телото и губење на рамнотежа. Доколку ги забележете овие симптоми веднаш јавете се на доктор или повикајте брза помош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...