Од камења во бубрезите до мозочен и срцев удар

Каменот во бубрег е  натрупана маса од заталкани хемикалии како калциум, оксалат, цистин, фосфат и ксантин, кои се претвораат во цврста маса. Нормално, овие хемикалии се исфрлаат од телото преку урината, но тие може да се задржат ако нема доволно течност во телото.

Штом се формираат камењата, или остануваат во бубрезите или пак си го наоѓаат својот излез низ уринарниот тракт. Помалите камења може да излезат низ урината, не предизвикувајќи поголема неудобност, додека големите камења може да се заглават, при што предизвикуваат болка.



Според едно истражување, бубрежните камења се поврзуваат со неколку здравствени проблеми, како што се дијабетес, дебелина и хипертензија. Во неодамнешната студија, предводена од проф. д-р Јангинг Лиу од Кина, истражувачите сакаа да видат дали бубрежните камења го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни проблеми, како што се болести со срцето и мозочен удар.

За истражувањето биле употребени податоците на повеќе од 3.5 милиони пациенти и 50.000 пациенти кои пријавиле дека веќе имаат камен во бубрегот. Истражувачите откриле дека пациентите со бубрежни камења имаат 19% поголема веројатност дека ќе заболат од некоја кардиоваскуларна срцева болест, односно да патат од срцев удар, како и 40% поголеми шанси за мозочен удар, во споредба со пациентите кои немале камења во бубрезите!

- Луѓето треба да се загрижат за камењата во бубрезите. Доказите покажуваат дека има поврзаност меѓу бубрежните камења и кардиоваскуларни болести, изјавува д-р Лиу.

Таа ги советува луѓето кои имаат камења во бубрезите да го приспособат стилот на живот со цел да го намалат ризикот и тоа преку здрава исхрана, намалување на тежината, престанување со пушење и редовно вежбање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...