Орган кој изумира тивко без да забележите

Болестите на црниот дроб во повеќето случаи се откриваат случајно на рутинските лекарски прегледи. Причина за тоа е фактот што црниот дроб не боли, освен во случај да е отечен.

Симптомите кои укажуваат на проблемите со црниот дроб се: жолта кожа, замор, малаксаност, мачнина, болки во зглобовите, темна урина или болка во горниот десен дел од абдоменот. Лошата работа е што лицата кои имаат дел од овие симптоми, не ги поврзуваат истите со црниот дроб и проблемот со овој орган останува незабележан.



Црниот дроб е орган задолжен за отстранување на отпадот и отровите од организмот, за регулирање на метаболизмот, за создавање фактори кои се важни за згрутчување на крвта, како и за одржување на нивото на железо во крвта. Најголемиот дел од холестеролот настанува во црниот дроб, а зголемените масти доведуваат до артериосклероза, односно стеснување на артериите, што пак може да предизвика инфаркт.

Хроничното оштетување на црниот дроб ги доведува во прашање сите функции на овој орган, а во случај да настане цироза, тогаш загрозен е целиот организам.

Во денешно време најчести заболувања на црниот дроб се вирусните (А, Б, Ц, Д и Е) и алкохолните. Покрај тоа, и консумацијата на лекови може да доведе до хронични заболувања на црниот дроб.

Експертите предупредуваат дека сите хронични болести на овој орган водат кон цироза, доколку останат незабележани и не почнат да се лекуваат на време, што е премногу опасно бидејќи во случај лекарствата да не делуваат, единствено решение кое преостанува е трансплантацијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...