Исповед: „Се разбудив додека се уште траеше операцијата“

Верувале или не, годишно ширум светот по стотина пациенти се будат за време на операција. Тоа е екстремно трауматично искуство, бидејќи под дејство на анестезијата не сте во можност да преземете било што.

Според зборовите на експертите, будењето од анестезија може да биде крајно трауматично искуство од повеќе причини. Една од нив е тоа што пациентот станува свесен за болката која ја чувствува во тој момент, а не може да стори ништо бидејќи е парализиран. Исто така, значаен е и самиот момент на шок, кога станувате свесни што всушност се случува.



Следните три жени поминале токму низ таква ситуација. Еве што имаат да кажат за нивното несакано искуство.

Додека полека ја губела свеста на операционата маса, Александра Бител (36), ја фатила голема паника. Таа се молела тоа да е само сон, ноќна мора од која ќе се разбуди веднаш, но сепак тоа не било така.

Веднаш сфатила дека нешто не е во ред. Нејзиното тело било парализирано откога и’ бил вбризган миорелаксант (лек кој предизвикува парализа) и не можела да се помрдне, но сепак го слушнала лекарот како се подготвува да и’ го засече абдоменот.

Таа не можела да врисне бидејќи во устата имала маска со кислород, па се обидела да им даде знак со очите, но нејзините капаци биле залепени. Ова звучи како вистинска ноќна мора, но за Александра ова била суровата реалност.



- Добив хистеричен напад на паника, а бев тотално онеспособена да направам било што за да ги спречам. Мислев дека операцијата е започната уште одамна и имав чувство дека ќе умрам, вели Александра.

За среќа, лекарите виделе дека таа е свесна пред да ја засечат за прв пат. Таа почувствувала како некој и’ го допира абдоменот и слушнала како лекарите бараат уште морфиум, после што повторно останала без свест.

Лекарскиот тим признал дека грешката е нивна бидејќи не ја провериле дозата на анестетик кој го вбризгале, заради што пациентката сега пати од пострауматско стресно пореметување.

Кога Дијан Пар (48) отишла на операција заради загноен чир во устата, и’ било кажано дека мора да и’ бидат извадени два заба од долната вилица. Таа примила анестезија и лекови за опуштање на мускулите, но сепак не заспала. Сето тоа изгледало како рутинска операција, но зафатот не завршил така.



- Следната работа на која се сеќавам беше како ја туркаат мојата количка во сала. Во тој момент сфатив дека и понатаму сум будна, а операцијата требаше да започне. Се обидов да ја повикам сестрата и да ја подигнам раката, но не можев да се помрднам. Во тој момент ме преплави чувство на паника и не можев да поверувам што се случува, се присетува Дијан.

Набрзо дошол хирургот и операцијата започнала. Не претпоставувајќи дека пациентката и понатаму е во свесна состојба, тој почнал да и’ ги вади забите и во тој момент болката проструила низ целото нејзино тело.

- Мислев дека ќе умрам од шок и болка која ја чувствував. Срцето ми чукаше толку брзо што ми беше страв да не доживеам и срцев удар, открива таа.

Набрзо потоа таа се онесвестила и се разбудила додека и’ ја шиеле раната, што исто така било многу болно искуство.

Џулиет Вилс (41) се разбудила после седумчасовна операција на дебелото црево. Операцијата била завршена, но сестрите не и’ ја дале правилно епидуралната инјекција.



- Кога се разбудив и натаму бев на операционата маса приклучена на апарати и чувствував ненормална болка. Не можев ни да проговорам, ни да се помрднам, вели Џулиет.

За среќа, една од медицинските сестри забележала дека срцето на пациентката и’ чува неверојатно брзо, по што веднаш ја свртиле на страна и и’ дале уште една епидурална инјекција. И во овој случај се работело за немарност на медицинскиот тим, заради што Жулиет и денес има ноќни мори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...