Подмолни болести кои не покажуваат симптоми

Додека некои болести се очигледни, други се развиваат бавно, па луѓето обично не забележуваат дека болеста се појавила сè додека не стане предоцна. Заради тоа важно е редовно да одите на прегледи и да го известувате вашиот лекар дури и за малите промени кои ги чувствувате.



Еве на што треба да обрнете особено внимание:

Ниско ниво на витамин Д

Иако можеби нема да забележите дека се случува нешто сериозно, доколку нивото на витамин Д подолго време ви е под прифатливата граница (30 ng/ml), тоа може да придонесе за развој на срцеви заболувања, дијабетес, некои видови на рак, како и мултиплекс склероза.

Витамиот Д помага и во апсорпцијата на калциум, така што неговиот недостаток влијае и на вашите коски. За среќа, контролата и надоместувањето на овој витамин се едноставни. Доколку не бегате панично од сонцето, вашето тело ќе создаде доволно витамин Д само од себе. Доколку имате сериозен недостаток, тоа можеби треба да го решите преку суплементи во исхраната. Повторно проверете ја состојбата за неколку месеци.

Хипотиреоза

Штитната жлезда регулира низа клучни системи и процеси во телото, што значи дека го регулира целиот организам. При недоволно активните штитни жлезди, не се лачат доволно потребните хормони и телото не функционира правилно. Симптомите на хипотиреоза, како што се заморот и нетолеранцијата на студ, се појавуваат постепено. Забавената штитна жлезда може да доведе до дебелеење, срцеви заболувања, висок холестерол, неплодност, депресија и оштетување на нервите. Доколку се сомневате на оваа состојба, проверете го нивото на хормонот TSH во крвта. Со редовни прегледи треба да започнете на возраст од 35 години, а контрола да правите на секои 5 години.

Анемија

Анеамијата е уште позната и како слабокрвност. Како што бројот на црвените крвни зрнца полека се намалува, се јавуваат суптилни симптоми, како што е заморот или вртоглавицата. Со оглед на тоа што црвените крвни зрнца пренесуваат кислород, овој недостаток на кислород може да ги оштети органите и да го зголеми ризикот за срцев и мозочен удар. Доколку забележите дека често сте уморни, особено доколку имате обилни менструации, направете анализа на крвта.



Дијабетес тип 2

Доколку вашето тело не произведува доволно инсулин, кој ја разградува глукозата, во телото се развива дијабетес. Оваа болест чесо се јавува постепено, како што производството на инсулин во панкреасот се забавува. Експертите велат дека пациентот може да има дијабетес со години, а да не биде ни свесен за тоа. Болеста може да ги оштети очите, срцето, бубрезите и нервните завршетоци. Од 2009-та година лекарите најмногу го препорачуваат тестот A1C, кој го мери просечното ниво на глукоза во крвотокот. Доколку имате прекумерна тежина или имате историја на дијабетес во семејството, погржиете се првото тестирање да го направите до 45-та година.

Висок крвен притисок (хипертензија)

Заради стареењето и факторите на ризик како што се болестите во семејството и прекумерната телесна тежина, притисокот кој го прави крвта на ѕидовите на крвните садови може да стане преголем. Тоа на крајот доведува до хипертензија. Евентуалните компликации вклучуваат срцев удар, мозочен удар и заболување на бубрезите. Кардиолозите велат дека често се случува нивните пациенти да имаат хипертензија која не е пропратена со симптоми, години пред да им се постави дијагнозата. Тоа ја нагласува важноста на систематскиот преглед кој треба да се прави еднаш годишно, макар и да се чуствувате здраво. Имајте на ум дека нормалниот крвен притисок се движи околу 120/80 mmHg.

Висок холестерол

Било да е заради лошата исхрана или генетиката, зголеменото ниво на лошиот холестерол во крвта може да ги запуши артериите, што доведува до лош проток на крвта во виталните органи, како што се срцето и мозокот. Тоа во најлош случај може да предизвика срцев или мозочен удар.

Но, високото ниво на холестерол во крвта не може да се забележи, па затоа потребно е редовно да правите анализа на крвта.



Фибромиалгија

Фибромиалгијата е хронична сосотјба која се карактеризира со болка во мускулите, лигаментите и тетивите, пропратена со замор. Карактеристични се одредени точки на телото кои се многу болни на допир. Поголемиот дел од луѓето чувствуваат умерен до силен замор, имаат потешкотии со спиењето, чувствителни се на допир, светлина и звук, а имаат и когнитивни пречки.

Ова пореметување е тешко да се дијагностицира бидејќи за него не постои тест. Лекарите доаѓаат до дијагноза дури откога ќе ги исклучат сите други можни болести, така што може да поминат и години пред да дознаете во што е проблемот. Иако фибромиалгијата не е опасна по живот, тука е загубата заради недоволната ефикасност и менталниот притисок. Факторите на ризик вклучуваат генетската предизпозиција, ревматски или заразни болести, како што е Лимовата болест, но и некое трауматско случување, како што се сообраќајните несреќи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...