Шест причинители на рак кои можеме да ги спречиме

Најновите истражувања покажуваат дека секој дваесет и втор човек во САД преживува одреден облик на карцином. Експертите го следеле актуелниот број на заболени, можните облици на лечење, најновите откритија во истражувањата и колку се зголемил бројот на преживеани во текот на последните десет години.



Според податоците од 1971-та година, тогаш во САД секој 69-ти човек се имал изборено со ракот, додека таа бројка драстично се зголемила до денешно време. Исто така, пораснал и бројот на преживеани пет и повеќе години после поставувањето на дијагнозата, и тоа од 49% (во периодот од 1975 до 1977 година) на 68% (од 2003 до 2009-та година).

Во истражувањето детално е објаснето како одреден избор на животен стил придонесува, па дури и ја предизвикува појавата на рак. Пушењето е наведено  како причинител на речиси 30% од смртноста од рак во САД.

Иако денес постојат извонредни достигнувања во лекувањето на ракот и намалувањето на смртноста, се уште не се работи доволно на намалување на причинителите за појава на ракот. Ракот на белите дробови, како најчест облик на карцином, со најголема стапка на смртност, се намалува со намалувањето на бројот на пушачи.

На второ место на листата на причинители на ракот кои можат да се спречат е дебелината, односно прекумерната тежина, заради која заболуваат 20% од пациентите, додека 16% од нив заболуваат заради инфекции кои содржеле еден или повеќе канцерогени патогени кои можеме да ги добиеме преку исхраната или од загадената животна средина.

Пет проценти од заболените ја добиваат оваа болест заради недоволната физичка активност, а истиот број се препишува и на лошите прехранбени навики.

На крајот, на последното место се наоѓаат 2% од заболените, кои прекумерно се изложуваат на ултравиолетово зрачење, предизвикано од сончевите зраци и од користење на солариум.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...