Болести кои масовно ќе се рашират заради климатските промени

Иако експертите и понатаму имаат спротиставени толкувања за тоа во која мера и заради што настануваат климатските промени, анкетата спроведена во САД покажала дека луѓето сметаат дека климатските промени навистина се случуваат, со тоа што 40% од нив веруваат дека причинител е човекот, а околу половина од испитаниците, пак, веруваат дека климатските промени оставаат големо влијание на нивните животи.



Но, авторите на најновото истражување, од Глобалниот здравствен институт на универзитетот во Висконсин, тврдат дека вината за промените лежи во согорувањето на фосилните горива и изчезнувањето на тропските шуми, додека истовремено промените ги поврзуваат и со здравјето на луѓето.

Авторите собрале информации добиени од 56 научни труда кои се поврзани со влијанието на климата врз здравјето, а собрале и податоци за температурите од Националниот климатски информативен центар. Тие заклучиле дека многу американски градови ќе искусат екстремно топли денови до 2050-та година.

Поголемиот број на денови со исклучително високи температури, пак, ќе придонесе за зголемување на бројот на здравствени проблеми, како што се:

- проблеми со белите дробови и дишните патишта, вклучувајќи ги и астмата и алергиските реакции

- разни инфекции, вклучувајќи болести кои се пренесуваат од инсектите и преку водата

- намалување на здравите намирници, што вклучува помал број на житарки и зголемување на билните болести

- ментални пореметувања, како што се пострауматски стрес и депресија, кои се поврзуваат со природните катастрофи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...