Бременоста е прекрасен период од животот на една жена, исполнет со многу тегоби, кои за миг се забораваат кога ќе се почувствува првото клоцање, вртење на бебето во утробата и првиот плач. Тоа е најубавото чувство на цел свет.
Но, што се случува со новороденчињата штом ќе дојдат на овој свет?
Една студија во која се опфатени 28 новороденчиња, ги опишува првите 70 минути од нивниот живот.
1 Минута: Бебињата почнуваат да плачат со цел да ги навикнат белите дробови на воздухот.
2 Минута: По плачењето, поминуваат помалку од една минута релаксирајќи се на градите на нивната мајка.
2.5 Минута: Како што се будат ги отвораат очите за прв пат и почнуваат да ги мрдаат рацете и главата.
8 Минута: Почнуваат да стануваат активни, држејќи ги очите отворени околу 5 минути. За време на оваа активна фаза, појавуваат интерес за јадење, откривање на лицата на мајките при што прават слатки звуци.
18 Минута: Ова беше заморно. Време е за уште една пауза.
36 Минута: Одморените новороденчиња се будат и сакаат да јадат. Мајката полека ги доближува до дојката, а тие прв пат го помирисуваат и вкусуваат млекото.
62 Минута: Бебето се дои со млекото, во кое на почеток има протеини и имунитетни молекули. Овие состојки ги стимулираат градите за да произведуваат млеко.
70 Минута: Мисијата е исполнета. Следува повторна пауза.
Можеби студијата е направена со мал број на новороденчиња, но е навистина внимателна и ги опфаќа првите знаци на новороденчињата.