Како да се справите со антибиотската резистенција?

Антибиотиците може да ви помогнат во многу ситуации кога сте болни, но со текот на времето организмот започнува да развива определена резистенција кон нив и со тоа тие повеќе не функционираат на истиот начин како порано.

Секој пат кога земате антибиотик, сензитивните бактерии се уништуваат, но оние кои се отпорни остануваат и се размножуваат. Колку почесто и неправилно ги користите антибиотиците, толку повеќе ја зголемувате резистентност на бактериите во однос на нив.

Дали навистина ви треба антибиотик?

Понекогаш антибиотикот не е вистинското решение за вашата болест. Антибиотиците треба да се користат за бактериски инфекции, но не се ефективни во случаи на настинка, болка во грлото или пак грип. Во некои ситуации докторот ќе ви препише користење на антибиотик и покрај тоа што немате бактериска инфекција плашејќи да не ја добиете поради опаднатиот имунитет. Затоа секогаш консултирајте се со медицинско лице дали навистина морате да пиете антибиотик или пак постои друга алтернатива со која ќе го подобрите своето здравје. Освен тоа не се препорачува да земате антибиотици на своја рака.

Внимавајте како го користите

Во случај да морате да земате антибиотици секогаш држете се до упатството. Златното правило во оваа ситуација е да го земате антибиотикот редовно, без прескокнување на дозите. Ако се почувствувате подобро, а не сте ја испиле целата доза на антибиотик не престанувајте бидејќи иако ви е добро, во организмот сè уште постојат отпорни бактерии кои лесно можат да се размножат.

Не користете туѓи лекови

Некој од вашето работно место или пак од домот е болен, а вие имате слични симптоми. Мислите дека е добра идеја да ги пиете истите антибиотици кои ги пие тој. Ова е мошне лош потег затоа што можно е воопшто да немате бактериска инфекција или избраниот антибиотик да биде потполно погрешен за вашата состојба. Затоа пред да направите било каков чекор на своја рака, обратете се на доктор да ви препише соодветна терапија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...