Остеопорозата не е болест која ги погодува само жените

Се проценува дека губењето на коскената маса е првата фаза од остеопорозата. Порано се сметаше дека ова е само „женска болест“, која во главно ги опфаќа повозрасните жени од 60 години, односно жените по менопаузата, кои поминале низ хормонски промени. Но, последните истражувања покажуваат дека процентот на мажи кои патат од остеопороза е се поголем.



- Кај младите причина за оваа состојба е лошата исхрана и честите диети. Намалената густина на коските може да се поврзи со генетски фактори, но пред сè се јавува поради исхраната без калциум, недоволното вежбање и хормонална рамнотежа, изјавува Јоланда Бернардис, претседателка на хрватското друштво за остеопороза.

Особен проблем е тоа што болеста нема симптоми, па во средна доба се препорачува да се прават почести тестирања на густината на коските, барем на секои пет до седум години. Еден од знаците на болеста може да биде постепено намалување на телесната висина, што може да биде попратена со болки во грбот.

- Низ целиот живот посебно е важно да се внесува доволно калциум во организмот. Кога зборуваме за намирници, млекото и млечните производи се на прво место. Дневната потреба за калциум може да се задоволи со литар и пол млеко.

Сепак, многу е добро да се конзумираат и други намирници како што се кашкавалот, сирењето и моцарелата, кои содржат многу калциум. Исто така би било добро да се изедат пет порции зеленчук. Јадете брокула, кељ, спанаќ и зелка. Исто така и масните риби, како што е сардината, содржат големо количество калциум. Пола рака бадеми содржи еднакво количество калциум колку и пола шумлива таблета. Бадемите е добро да ги искомбинирате со суво грозје, смокви и лешници.



40 година – немојте да се запоставите

Редовното вежбање нека ви стане дел од секојдневието, бидејќи телесната активност многу влијае врз здравите коски. Секои пет до седум години тестирајте ја густината на коските.

50 години – внимавајте

Потешкото движење и намалување на тежината посочуваат кон остеопороза. Но, болеста се открива и при кршење на бедрената коска, колк или ’рбет.

60 години – помогнете си преку исхраната

Конзумирајте храна богата со калциум. Редовно тестирајте се.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...