Изведена успешна трансплантација на мртви срца

Докторите од Св. Винсент болницата во Сиднеј во соработка со своите колеги од институтот Виктор Ченг, неодамна ја направија првата успешна трансплантација на мртви срца.

Досега при трансплантацијата се користеа срца кои се земени од живи донори, чиј мозок е мртов. На овој начин бројот на органи кои беа достапни за трансплантација беше видно ограничен.

Сега, докторите од Сиднеј успеаја да искористат две срца кои биле мртви најмалку 20 минути и повторно да ги оживеат со помош раствор за зачувување. Срцата потоа се трансплантирани во двајца пациенти кои по операцијата напредуваат одлично.

-Пет минути по смртта на донорот, можеме да го извадиме срцето и да го ставиме во посебен дел каде што се поврзува со крв и која го обезбедува со кислород. Постепено тоа започнува повторно да бие, по што го одржуваме на топло и можеме да го пренесеме во делот каде што го ставаме во раствор за зачувување кој го заштитува од штетата која настанува поради недостатокот од кислород, вели Боб Грахам, извршен директор на институтот Виктор Ченг.

Благодарение на новата процедура на зачувување од сега па натаму повеќе од 30 проценти од пациентите кои имаат дисфункционално срце ќе можат да добијат ново преку трансплантација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...