Оргазмите ми го уништуваат животот!

Потешкотиите при достигнување на оргазам, или целосната неможност за ваквото задоволство е изненадувачки вообичаена ситуација. Она што е зачудувачки е неможноста да ги запрете оргазмите. Да, постојат и такви пореметувања. Можеби на прв поглед ви изгледа како интересно и безопасно, но пореметувањето на константна генитална возбуда има цела низа негативни ефекти во животот на оние кои патат од него.



Кара Анаја со оваа состојба се бори три години, откако ги искусила првите симптоми додека била излезена во продавница. Се затекнала себе си во состојба на ненадејна и неочекувана сексуална возбуда, проследена со вкочанување на нозете, а потоа паѓајќи на подот, таа искусила нестимулирани оргазми кои се одвивале сами од себе.

Од тогаш, 30-годишната Кара постојано е „благословена“ со нестимулирани огразми, чиј број на ден се движи од 10 до дури 180 за два часа.

- Ми се уништи животот. Исцрпена сум и преморена. Знам дека во следните неколку секунди, минути или часови ќе надојде уште еден, открива Кара за Barcroft Media.

Оваа состојба и’ нанесува физичка болка, покрај емоционалните потешкотии со кои се соочува. Неконтролираните оргазми и’ го нарушуваат секојдневието до тој степен што таа веќе станала и анксиозна и се плаши да излезе од дома.



- Не можам да си го однесам ни синот на училиште. Се чувствувам како перверзен болесник имајќи оргазам блиску до него.

За жал, ниту нејзиниот брак не е отпорен на оваа промена.

- Кога на мојата сопруга и’ беше дијагностицирано ова пореметување, помислив дека е луда. Не можев да разберам низ што поминува. Она што можам да го кажам е дека најтешкиот момент е кога ја гледам во силни болки, а јас не можам да сторам ништо за да и’ помогнам, се жали нејзиниот сопруг, 34-годишниот Тони.

Кара има посетено бројни специјалисти и лекари, но се уште го нема пронајдено лекот.

- Никому не би посакала вакво нешто. Ме прави да се чувствувам неверојатно осамена бидејќи никој не може да ме разбере, а свесноста за оваа болест меѓу луѓето е премногу мала. Единственото што го посакувам е да престане, се жали таа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...