Инфекцијата од тампон направи да не можам да се сетам на сопствените деца

Џоана Картрајт од Јужен Јоркшајр, поминала осум дена во кома, откако доживеала токсичен шок поради инфекција од тампон. Пред две години лекарите ја ставиле Џоана во вештачка кома за да и го спасат животот, но не можеле ни да претпостават дека потоа нема да ги препознае своите деца.



На почеток мислела дека има грип, бидејќи симптомите биле слични, но по неколку дена завршила во болница. Лекарите го шокирале нејзиното семејство кога им соопштиле дека можно е да почине за неколку часови, бидејќи нејзините органи почнале да откажуваат поради инфекцијата. За да и го спасат животот ја ставиле во вештачка кома, со цел организмот да се избори со агресивната бактерија. Во меѓувреме и се излупиле осум слоеви на кожа, рацете и отекле и отпаднале косата и ноктите, но успеала да се избори!

Сепак, кога се разбудила по 8 дена, лекарите се шокирале кога забележале дека нејзината инфекција стигнала до нејзиниот мозок, поради што Џоана не можела да се сети на ништо, па дури ни на нејзините деца.



- Кога се разбудив од кома, не знаев што се случува и не се сеќавав на ништо. Некој ми даде слика од моите деца, но не знаев кои се тие. Луѓето ми ги покажуваа девојчињата и ми бараа да им ги кажам имињата, но не можев, изјавила Џоана, која паднала во кома токму на нејзиниот 25 роденден.

Нејзиното сеќавање по будењето било толку лошо што не можела да доврши ни една проста реченица, бидејќи додека да стигне до крајот на реченицата заборавала што сака да каже. Затоа оздравувањето бил еден долг процес, а сега две години по сè, не може да се сети од сите детали во тој период.



- Не се сеќавам на првите чекори на Скарлет, ниту кога почнала да зборува. На слики гледам одмори на кои не ни знам дека сум била. Но, среќна сум што се извлеков и што моите девојчиња се уште имаат мајка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...