Успешно тестирана вакцина против ебола

Експерименталната вакцина против ебола успешно поминала во првите клинички испитувања во САД, соопшти Ентони Феучи, директор на Националниот институт за алергиски и инфективни заболувања.



Научниците кои работат на тоа заедно со компанијата GlaxoSmithKline, ги објавиле резултатите од истражувањето во еден медицински весник. Вакцината против вирусот ебола добиле 20 доброволци, чии резултати се покажале позитивни. Помеѓу другото, под влијание на препаратот за имунолошкиот систем, секој од нив почнал да произведува антитела за вирусот ебола. При тоа немало никакви несакани ефекти, освен краткотрајно покачување на температурата кај двајца пациенти.

Фаучи кажа дека науката е чекор поблиску до создавањето на вакцина против ебола. Сепак, вакцината има уште еден пат кој треба да го помине пред употребата.

Институтот активно разговара со либериските претставници и другите партнери за следниот степен на тестирање на вакцината во западна Африка. И Белата Куќа го поздрави напредокот на патот за потрага по лек за вирусот, а американскиот претседател, Обама, на 2 декември ќе го посети овој институт за да му се заблагодари на Фаучи и неговиот тим за вложениот напор.

Според најновите податоци од СЗО, до сега 5.689 личности починале од ебола, а до 23 ноември 15.936 биле инфицирани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...