Како до безболен третман на Вашите заби?

Краткотрајна општа анестезија (аналгоседација)

Најголем број на болни интервенции во стоматологијата на задоволителен начин се изведуваат со локална анестезија. Меѓутоа поради екстремната уплашеност или претходните непријатни искуства пациентите често одбиваат било каков стоматолошки третман и посета кај стоматолог.



Во тој случај ни стои на располагање метод на примена на лекови кои доведуваат до седација односно состојба во која пациентот се чувствува релаксирано, со зачувана свест, со што работата на стоматологот е олеснета.

Седација се применува кај:

- Уплашени и анксиозни пациенти
- Силно изразен нагон на повраќање
- Големи и долготрајни интервенции во оралната хирургија

Во Неуромедика седацијата ја изведува тим од лекари: стоматолог, специјалист орален хирург и лекар анестезиолог. Пред секоја интервениција, пациентот пополнува прашалник за својата здравствена состојба, а потоа разговара со анестезиологот и стоматологот при што пациентот е упатен во целата процедура. Истотака пациентот се советува да дојде со придружник.

Општа анестезија (аналгоседација)

Аналгоседацијата се постигнува преку венски пат на некои од вените на раката, со апликација на средство при што пациентот е психички релаксиран. Во зависност од дозата пациентот се успива доколку има потреба. Потоа се дава лек против болки во соодветна доза. Стоматологот применува и локална анестезија на местото каде што се интервенира.

Со пратење на виталните функции преку монитор пациентот е потполно безбеден и ослободен од секој страв и болка.

Спец. Д-р Тодор Стаменковски
Специјалист по орална хирургија и имплантологија
Поликлиника НЕУРОМЕДИКА


http://www.neuromedica.com.mk/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...