Експертите ги открија 10-те симптоми на ракот

Постојат неколку знаци кои би можеле да упатуваат на тоа дека имате рак. Секако тоа не мора да значи дека сигурно имате, но симптомите не треба да се игнорираат и добро би било да се консултирате со лекар.

Британските научници кои се занимаваат со испитување на здравствената состојба на Британците преку студија од која покасно добиваат медицински резултати открија поврзаност на 10 симптоми со рак. Доколку имате одредени симптоми кои ги имаме наведено подолу тоа не значи дека боледувате од рак, но добро би било да се консултирате со лекарот.

Постојано кашлање и засипнатост

Постојаната кашлица, особено онаа проследена со крв, дефинитивно треба да биде причина за грижа.

- Најчесто кашлицата не е сигурен знак дека имате рак, меѓутоа постојаното кашлање би требало да ве загрижува, па затоа проверете дали станува збор за рак на белите дробови, вели докторката Тереса Биверс.

Константни промени во работата на цревата

Кога чувствувате дека цревата „не си ја вршат работата“ како што треба или пак доколку вашата столица е со необичен изглед или пак пообилна од претходно, а нема потреба да биде таква, тоа би можело да биде знак за рак на цревата.

- Тоа би можело да биде знак дека некој вид на маса не дозволува транзит на изметот од цревата, изјавила Биверс, додавајќи дека пациентот со овој симптом треба да замине на посета кај доктор и да подлегне на колоноскопија.

Постојани промени во работата на мочниот меур

- Доколку забележите крв во вашата урина, тоа би можело да го сфатите како најава за рак на мочниот меур или бубрезите, но не паничете. Многу често станува збор само за инфекција на уринарниот тракт, вели Биверс.

Постојана необјаснива болка

Поголемиот дел од болките кои што ги чувствувате не се знак за рак, меѓутоа доколку постојано чувствувате болка, тогаш треба да побарате стручно мислење.

- Доколку имате постојани главоболки, дефинитивно треба да посетите доктор. Исто така, постојаната болка во градите би можела да упатува на рак на белите дробови, додека пак болката во пределот на абдоменот би се поврзала со ракот на јајниците, појаснила докторката.

Промена на изгледот на бемките

Не сите бемки на телото се индикатор за рак, но промената во нивниот изглед дефинитивно треба да ја пријавите кај доктор, кој ќе спроведе соодветни истражувања за причините за ваквата појава.

Рана која не заздравува

Доколку имате дури и најмала рана која и по три недели не е целосно заздравена, посетете доктор.

- Се очекува телото во период од три недели самото да ја залечи раната, меѓутоа доколку забележите дека тоа не се случило, задолжително одете на докторски преглед, нагласила Биверс.

Неочекувано крвавење

Вагиналното крвавење надвор од рамките на менструалниот циклус би можело да биде ран знак за рак на матката, додека пак крвавењето од ректумот упатува на рак на дебелото црево.

Неочекувано губење на телесната тежина

- Доколку губите тежина, а притоа воопшто не сте се потрудиле околу слабеењето, тоа треба да биде нешто што ве загрижува, додава докторката и притоа вели дека една од можните причини за неочекуваното губење на тежината би можело да биде туморот.

Необјасниви јазли на телото

Секогаш кога на телото ќе забележите нов јазол или стар кој доживеал промени, би требало да посетите доктор. Имено, јазолот во градите најчесто е речиси сигурен знак за рак на градите.

Постојани потешкотии при голтањето

Станува збор за симптом кој што би упатувал на два вида на рак, рак на грлото или рак на хранопроводникот.

Британските експерти нагласуваат дека доколку луѓето имаат било кој од овие симптоми и со истите се соочуваат веќе подолго време, тие мора да заминат на лекарски преглед затоа што навремената детекција е еден од главните услови за борба со ракот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...