Ја преживеав еболата и сега повторно се враќам да помогнам на својата Африка

Американецот Иан Крозиер (44) се излечил во Атланта, иако никој не верувал дека може да го преживее смртоносниот вирус.

Тоа утро на 6 септември во тек на редовна визита на најтешкиот оддел почувствувал дека има температура и главоболка. Се изолирал во хотелската соба, надевајќи дека се работи за маларија. Ја замолил колешката од болницата да му донесе опрема за вадење на крв за да се тестира на ебола.

Идното утро му се јавила со солзи. Наодот бил позитивен.

Доктор Иан Крозиер (44) Американец роден во Зимбабве кој пред избивањето на еболата се грижел за болните од ХИВ во Уганда, не знаел во кој момент се заразил. Носел полна заштитна опрема и строго се придржувал на сите правила во текот на тие неколку недели, колку што ги лечел заразените во Кенеми во Сиера Леоне.

Под заштитната облека било неподносливо топло. Кога ги соблекувал чизмите биле полни со пот и меѓу заразените не можел да помине повеќе од неколку часа дневно. Влегувал во одделот неколку пати на еден час.
Сиромашната болница се полнела дење и ноќе, а тој прегледувал по 60 до 70 пациенти дневно, понекогаш и повеќе. Но, кога слушнал за епидемијата, знаел дека мора да помогне. За платени трошоци, не и плата, се придружил на СЗО во август и стигнал во епицентарот на заразата. Околу 330 здравствени работници до тогаш веќе умреле од болеста, но Крозиер знаел дека ги има сите знаења и вештини потребни за борба против оваа болест. Имал намера да остане три до четири недели.

Мачни призори

Она што го дочекало – призори, звуци, мириси и секојдневна смрт, било многу пострашно од неговите најцрни сценарија. Крв, измет и повраќано имало насекаде, иако чистачките неколку пати на ден со хлор го бришеле подот.

Од сите страни се слушало,  докторе, докторе, а пациентите често лежеле во кревети со умрени додека се чекало да ги дезинфицираат, стават во вреќи и однесат. Никогаш немало доволно луѓе за сите пациенти, од кои многумина не можеле сами да се хранат ни да се мијат. – Тие изолациски одделенија се страшни места – рече во интервју за Њујорк Тајмс Иан Крозиер, најтешките случаи од ебола биле во универзитетската болница Емори во Атланта.

Пристигнувајќи во Америка, откако дознал дека е болен, на Крозиер многу му се влошила состојбата и никој не верувал дека ќе оздрави. Бил на дијализа, приклучен на апарати за помош при дишење, станал делиричен и неговите доктори биле уверени дека ќе има оштетувања на мозокот и тоа во најдобар случај ако воопшто преживее. Ослабел 10 килограми, мускулите му атрофирале, а на првите недели во болницата воопшто не се сеќава.

Иако тогаш побарал да остане анонимен, за да го заштити своето семејство, Кроизер сега даде интервју за Њујорк Тајмс за да се заблагодари на одличниот персонал во болницата Емори и да предупреди дека епидемијата на ебола сеуште трае и дека им треба помош. Неговиот случај, потврдија во болницата неговите доктори, е доказ дека и најтешките пациенти можат да се вратат во живот и да ја победат болеста. Кроизер беше трет Американец префрлен во САД на лечење.

Дека и самиот ќе биде еден од странците ставени во авион за евакуација на заразени од западна Африка, не му паѓало на ум. Го фотографирал своето лице, отечено и исфрлано, седнувајќи во авионот и размислувајќи дека има болест која убива десетици луѓе на ден во болницата во која работел.

Иако сцените биле многу мачни, имало моменти кои полнеле со топлина. Мајки чии деца умреле од ебола на гради ги примале децата без родители и ги доеле, спасувајќи им го животот. Тројца пациенти посебно му го допреле срцето, се сеќава Кроизер.

Искра на радост во болницата

Една ноќ во болницата биле примени тројца браќа чија мајка умрела од ебола, а татко немале. Сите биле заразени, а Крозиер не верувал дека ќе преживеат.

Најстариот Виктор (11) бил во најлоша состојба.

Детето ја презело улогата на татко на семејството, а двете помали братчиња Шаку и Ибраим од него не се одвојувале ни минута. – Беа како мала група – вели Крозиер кој имал желба некогаш да ја соблече заштитната облека и да ги прегрне. Виктор го потсетувал на него, најстарото од четирите деца. Секое утро се враќал на одделот и очекувал дека нема да ги најде сите живи.

Но, секој ден децата го изненадувале и наскоро доволно закрепнале и почнале да трчаат со другите деца по одделението, вриштеле и се смееле, играле, сосема среќни. – Еден со друг се спасија од болеста, На тоа мрачно мест беа како искра радост – вели Крозиер. Но, сите деца не биле еднакво среќни.

Делириум и несвесно зборување

Да останал и самиот во Кенеми, по заразата од вирусот, Кроизер смета дека веројатно би умрел во рок од една недела. Дознавајќи дека е болен, во понеделникот го качиле на авион. По тројцата браќа, дошол неговиот момент да се избори со болеста. Годините работеле против него, постарите пациенти имаат потешки симптоми од помладите. Семејството на Крозиер и девојката го гледале низ дебело стакло, мајка му многу ноќи ги преседала покрај него читајќи му поезија на интерфон, песни кои неговиот вујко, брат на мајка му, писателот Џон Епел, ги напишал за него во Зимбабве.

Како пензионирана медицинска сестра, мајката на Крозиер била болно свесна за состојбата на нејзиниот син: - Најтешка ми беше помислата дека повеќе никогаш нема да можам да го допрам. Неговото тело би било веднаш запалено или однесено во лабораторија – рече таа.

Имаше температура 40 степени Целзијусови, се тресеше, се повеќе спиеше и тонеше во делириум, во мислите и понатаму за ужасите во Кенеме. Поради дијареата бил приклучен на инфузија, но состојбата му се влошувала.

Медицинската сестра која била заразена во Кенеми долетала од Велика Британија и донирала крвна плазма, бидејќи лица кои ја прележале еболата имаат антитела и можат да помогнат на заболените. Нивото на вирусот во него се намалило, но му откажале бубрезите па бил ставен на апарати за дијализа. Отекол и му се пореметил срцевиот ритам. Докторите предупредувале на најлошото. Изненадувачки, пациентот почнал да закрепнува, иако имало знаци на можно оштетување на мозокот. Кога конечно ги отворил очите, кон крајот на септември и погледнал околу себе, неговата сестра изјавила дека изгледал како новородено дете. Нежно му прозборела преку интерфон и нејзиниот глас е прво нешто на што се сеќава.

На почетокот тешко комуницирал, но додека семејството слушало како им зборува на колегите за своите наоди, знаеле дека е добро. Самиот вели дека може да размислува исто остро и брзо како порано, но останатите тврдат дека тоа не го забележуваат. Понекогаш му е тешко да се сети на вистинскиот збор. – Ми е страв. Дали некогаш ќе бидам оној стариот – вели Крозиер.

Моментално е на интензивна физикална терапија за да ја врати мускулната маса. Се надева дека се до февруари или март ќе може да се врати во западна Африка.

Преживеаните се сметаат за имуни на вирусот од кој биле заразени, а Крозиер верува дека сега има вградена заштита.

- Имаме уште многу работа – вели тој, заблагодарувајќи се на колегите и семејството кои не се откажаа од него, ни кога се чинеше дека се е изгубено.

 

Јутарњи лист - Загреб



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...