Трнење на рацете можен знак за сериозна болест!

Трнењето на екстремитетите укажува дека нешто не е во ред со нашиот организам. Иако оваа појава не е невообичаена, не треба да ја сфатите толку несериозно бидејќи истата може да укажува на потешки здравствени проблеми.



Прстите на рацете содржат најмногу нервни завршетоци, па заради тоа нивното трнење не е ретка појава. Иако не секогаш е тоа за паника, лекарите сепак советуваат дека е најдобро што побрзо да ги откриете причините зошто се случува оваа појава. На тој начин лечењето, доколку е потребно, ќе биде побрзо и поефикасно.

Доколку често чувствувате дека прстите ви трнат, чувствувате болка, слабост и лесна парализа, задолжително треба да побарате лекарска помош. Оваа појава не смеете да ја игнорирате доколку имате тикови, губите свест, ориентација, способност за говор или ослабнат вид.

Причини

Прстите може да трнат како последица на долготрајно седење, стоење или лежење во иста положба. Причината може да биде и слаба циркулација, притисок на нервите покрај рбетот кои ги придвижуваат дисковите, повреда на нервите, како и притисок на периферните нерви.

Болести

Трнењето се јавува и како показател на одредени болести како дијабетес, мултиплекс склероза, мигрена, како и срцев или мозочен удар. Трнењето би можело да биде предизвикано и од недостаток на минерали и витамини во организмот, прекумерно пушење цигари или пиење кафе, како и консумирање на наркотични средства.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...