Рана менструација – поголем ризик за срцева болест

Годината во која девојчињата за прв пат се соочуваат со менструалниот циклус може да влијае врз ризикот од срцеви болести, мозочен удар и висок крвен притисок. Девојките кои добиле менструација пред 10-тата година или по 17-тата година се изложени на многу поголем ризик за веќе споменатите болести, отколку оние во периодот меѓу 10-тата и 17-тата година, покажува едно истражување.



- Почетокот на првиот менструален циклус, се појавува порано кај пополните девојчиња, па врската меѓу прераната менструација и срцевите болести во подоцнежни години е сосема очекувана, изјави предводникот на ова испитување д-р Декстер Канои од универзитетот во Оксфорд.

Но, неговиот тим бил изненаден кога открил дека всушност и оние девојки кои по 17 година добиваат менструација повторно се изложени на поголем ризик.

- Почетокот на циклусот е поврзан со пубертетот и почетокот на функционирањето на ендокринот, поврзан со репродукција, но зошто времето на првиот циклус е поврзан со зголемен ризик од васкуларни болести се уште не ни е познато, додаде д-р Канои.



Истражувачите проучија медицински податоци на повеќе од милион Британки, на возраст од 50 до 64 години, вклучувајќи ја репродуктивната историја и државната стапка на смртост. Во период од 11 години, речиси 250.000 жени биле хоспитализирани или починале од компликации со крвниот притисок, 73.000 развиле срцева болест и повеќе од 25.000 доживеале мозочен удар. Оние кои имале прв менструален циклус на 13 години, околу 25% од групата, имале најнизок ризик од срцеви болести.

Оние 4% кои изјавиле дека добиле прва менструација пред 10-тата година, биле изложени на 27% поголем ризик за развивање на срцеви болести. Исто така, ризикот бил зголемен и кај оние жени кои добиле менструација по 17-тата година.

Пациентките биле изложени на малку помал ризик за добивање на мозочен удар и висок крвен притисок во споредба со срцевите болести.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...