Зошто понекогаш го губиме осетот за вкус?

Човекот користи пет сетила со кои ужива во многу работи.

Кога јадеме, нашите осети за вид, мирис, допир и особено за вкус играат многу важна улога за тоа како ја вкусуваме храната. Бидејќи сетилата работат заедно за да ги создадат сите доживувања со храната, губењето на некои сетила, особено за вкус, може да биде многу непријатно искуство. Осетот за вкус е многу важно чувство за време на јадењето и има особено значајна функција. Некои постари луѓе кои го изгубиле не можат веќе да уживаат во храната, па често се откажуваат и на крај завршуваат со смрт.

Што го предизвикува губењето на осетот за вкус?

Постојат неколку фактори кои го предизвикуваат губењето на осетот за вкус, а стареењето е една од најпознатите причини. Многу влијаат и генетиката, средината во која живееме и стилот на живот. Намаленото чувство на вкус или „dysgeusia“, често се добива кај луѓе кои се болни или кои пијат различни лекови.



Најчести болести кои предизвикуваат намалување на осетот за вкус се дијабетес, болести поврзани со црниот дроб или бубрезите, висок крвен притисок, повреди на глава, невролошки причини, Алцхајмерова и Паркинсова болест и недостаток од цинк или нијацин. Исто така слабата усна хигиена, како и зголеменото консумирање на алкохол и цигари имаат влијание врз осетот за вкус.

Кога се работи за лекови, антибиотиците може да предизвикаат киселкав вкус во устата и често имаат негативен ефект врз перцепцијата за храна. Лековите за хемотерапија може да предизвикаат воспаление на слузницата на устата, јазикот и усните. Оваа состојба е толку болна што пациентите не можат да јадат и да пијат па мора да се хранат преку цевки. Лековите како што се антихолинергици, антидепресиви и антихистаминици предизвикуваат сушење на устата, односно сушење на плунката, што доведува до намалено чувство за вкус.



Многу е важно да не го занемарувате овој проблем. Витаминот B е многу важен додаток, кој го подобрува чувството за вкус кај здравите млади пациенти. Менувањето на лековите може исто така да предизвика губење на вкусот, па треба веднаш да се обратите кај докторот. Доколку осетот за вкус не ви се вратил една недела откако сте оздравеле целосно и сте ги прекинале лековите потребно е да го посетите вашиот доктор, кој ќе ве советува што да направите. Не заборавајте дека токму осетот за вкус е она поради кое уживаме во храната!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...