Шведските научници објавиле дека личностите кои се изложени на стрес на работното место имаат зголемен ризик за мозочен удар. Имено, стресот на работното место, освен што е поврзан со мозочен удар, поврзан е и со зголемен ризик од срцев удар, односно инфаркт.
Новите резултати засновани на анализа на податоци собрани од 14 студии, покажуваат дека стресот го зголемува ризикот од мозочен удар до 24%.
На 100 илјади жители во Европа, годишно се забележани по 115 мозочни удари кај мажите и 75 кај жените. Останати фактори кои влијаат врз ризикот за мозочен удар се зголемената концентрација на холестерол во крвта, дијабетес, хипертензија и семејна историја на мозочен удар.