Мојата 8-годишна ќерка пронајде лек за рак

Самила Лисанти, 8-годишно девојче од Манчестер, неодамна сред семејната вечера со своите родители, можеби сосема случајно пронашла лек за рак.



Како што пишува Independent, нејзиниот татко Мајкл, угледен научник кој учествува во истражувања на полето на онкологијата, во текот на вечерата на шала ја прашал Самила како таа би излечила рак. Девојченцето размислило на кратко, а потоа предложила третман со антибиотици.

- Како кога ме боли грлото, им кажала таа на нејзините родители.

Професорот Лисанти и неговата сопруга Федерика Сотгиа, исто така угледен онколог вработена на Универзитетот во Манчестер, набрзо потоа го тестирале предлогот на сопствената ќерка во нивната лабораторија и останале шокирани од добиените резултати.



Тие земале неколку од најефтините и најпопуларните антибиотици и со нив ги третирале канцерогените клетки кои со ред биле уништувани. Дошле до заклучок дека некои од користените антибиотици го спречува производството на митохондриите, кои се задолжени за снабдување клетките со енергија. Инаку, канцерогените матични клетки, кои создаваат тумори и ги одржуваат во живот истите, често имаат зголемена концентрација на митохондрии.

Нивното истражување покажало дека четири од често користените антибиотици успешно ги уништуваат причинителите на канцерогени клетки, земени од тумор на дојки, простата, бели дробови, јајници, кожа и мозок. Станува збор за лекови кои се лесно достапни, а воедно и радикално поефтини од вообичаените лекови кои денес се користат за третирање на туморите.



Курцијалната информација е дека ниту еден од овие антибиотици не им наштетил на здравите клетки. Професорот Лисанти е уверен дека антибиотиците би можеле да се покажат како поефтин и посигурен метод на лечење на ракот, а сето тоа благодарение на сугестијата на неговата 8-годишна ќерка.

Со оглед на тоа што ова е истражување е прилично охрабрувачко, би требало да помине доста време и многу дополнителни истражувања за да би можело да се применуват антибиотиците на луѓето заболени од рак.

- Немаме индикации од ова истражување дали овие конкретни антибиотици би можеле да убијат клетки на рак во самите пациенти, а не е ни јасно какви би можеле да бидат нуспојавите. За некои антибиотици познато е уште од 60-тите години на минатиот век дека имаат антитуморски ефекти и се составен дел од современите третмани, изјавил за Independent онкологор Алан Ворсли од британскиот Центар за истражување на ракот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...