Спречете ги габичните вагинални инфекции

Повеќето жени постојано се соочуваат со габични инфекции. Кандидата, која создава непријатни проблеми, како срвбеж, црвенило и печење, е габа која најчесто  напаѓа. Тоа се случува кога ќе се поремети киселата PH вредност во вагината и матката. Сепак, можете да направите неколку работи со кои ќе го спречите нејзиното размножување.



Правилна исхрана

Експертите препорачуваат една недела пред да добиете менструација, да ја зголемите консумацијата на пробиотици, а да ги избегнувате шеќерите и јаглехидратите. Јогуртот и кефирот треба да ги пиете почесто отколку вообичаено. Лукот и супите со месо се исто така одлична превентива, додека пак, слатките производи се вистинска замка во исхраната, поттикнувајќи го размножувањето на габите.

Избор на гардероба

Габичните инфекции иако се нарушување, тие претставуваат проблем кој едноставно се решава. Топлата и влажна средина е одлична за нивното размножување. Тоа значи дека тесната облека е многу погодна за ширење на габичните инфекции. Секогаш бирајте облека од природни материјали, а долната облека препорачливо е да ја пеглате, бидејќи на тој начин се уништуваат сите бактерии.

Лична хигиена

Габичното воспаление предизвикува силен сврбеж, а белото прање се зголемува и добива непријатна миризба. Многу е важно редовно и правилно да ја одржувате интимната хигиена. Немојте да користите многу топла вода за миење на интимното подрачје и избегнувајте ги сапуните бидејќи истите ја нарушуваат PH вредност на вагината, особено оние миризливите. Исто така, не се препорачливи ниту миризливите тампони или влошки. За подетални совети за правилна нега и хигиена на вагината, кликнете тука.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...