За што всушност се работи и кои се симптомите на паничниот напад?

Луѓето кои често се нервозни обично тврдат дека доживуваат паничен напад пред да им се случи нешто големо. Сепак, паничниот напад има специфични симптоми.



Паничните напади се епизоди кои наеднаш се појавуваат, заедно со низа од физички и психички симптоми. Паничниот напад може да се дефинира и како налет од интензивен страв или силни непријатности кои го достигнуваат врвот во рок од неколку минути. Во тој временски период, доживувате паничен напад ако ги имате едни од следните симптоми:

  • Забрзан срцев ритам
  • Потење
  • Треперење
  • Чувство на гушење
  • Болка или непријатност во градите
  • Мачнина во желудникот
  • Чувство на вртоглавица или несвестица
  • Вкочанетост
  • Чувство на нереалност или одвоеност од себе
  • Страв од губење контрола
  • Акутен страв од умирање



Траењето на паничниот напад може ви изгледа како вечност, но всушност трае многу кратко. Иако поедини симптоми може да се задржат, паничниот напад обично трае помалку од 10 минути. Луѓето обично мислат дека се работи за срцев удар, дека умираат или дека губат здрав разум, а нивните чувства не се ни во пропорција со она што всушност се случува. Паничниот напад може (но не мора) да се однесува на она што се случува околу вас, а може да се јави и од смирена или анксиозна ситуација.

За многу луѓе, паничниот напад е еднократна појава. Сепак, ако сте имале еднаш, постои шанса повторно да го имате. И додека научниците не знаат што точно ги предизвикува паничните напади и зошто некои ги имаат, а некои не, една работа е јасна: паничните напади не се карактерни мани или слабост на личноста.



Ако имате само една епизода, нема причина за грижи. Сепак, ако сте имале повеќе пати, побарајте медицинска помош. Методите на самопомагање, како што се техниките за дишење и опуштање може да помогнат, но паничните напади може да се намалат и преку терапија. Во многу случаи, лековите како што се антидепресивите може да бидат корисни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...