Стоматологот може да ви дијагностицира дијабетес

Освен што ви помага во одржувањето на усната хигиена, вашиот стоматолог би можел да ви помогне при дијагностицирање на шеќерната болест, сугерираат американските истражувачи.



- Во светлото на нашите откритија, посетата на стоматолог би можело да биде корисна прилика за откривање на дијабетес кога се во прашање високо ризичните личности. Тоа е првиот чекор по кој следат подетални податоци за да се одреди нивото на дијабетесот, открила Шила Страус, една од истражувачите од универзитетот во Њујорк.

Нејзиниот тим испитал податоци на околу 410 личности кои посетиле стоматолог. Стоматолозите им земале на пациентите крв од усната шуплина и го тестирале за дијабетес. Токму тој тест се покажал 99% точен во споредба со крвта земени од прстот.



Според податоците на СЗО, се проценува дека во светот денес има над 366 милиони луѓе заболени од дијабетес. Се работи за хронична болест која настанува кога панкреасот веќе не создава доволно инсулин или кога телото не може да учествува во производството на инсулин – хормонот кој им овозможува на клетките да ја преземаат гликозата од крвта и да ја претворат во енергија. Неадекватното производство на инсулин или неговото неделување предизвикуваат зголемена гликоза во крвта (хипергликемија) која може да резултира со долгорочна штета во организмот, односно оштетување на поедини органи и ткива.

Доколку не се лекува, компликациите од дијабетесот може да бидат опасни по здравјето и по животот на пациентот. Тие вклучуваат зголемен ризик од срцеви болести, мозочен удар, хипертензија, слепило, болести на бубрегот и нервниот систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...