Вакцина против рак која ги враќа луѓето во живот

Една Американка заболела од леукемија, која многу брзо напредувала. Пред три години, лекарите ја отпуштиле од болница и и рекле дека ќе преживее максимум уште неколку недели. Но, денес таа е жива. Во тој период, примала револуционерна терапија, која помогнала нејзиниот имунитет да ги идентификува клетките на ракот како непријатели на организмот и да ги совлада.

Се работи за вакцина која ги поттикнува Т лимфоцитите, клетки на нашиот имунолошки систем и врз основа на протеинот WT1 од површината на клетките на ракот да ги препознае малигните клетки и да ги уништи. Од 15 личности во терминален стадиум на леукемија, кои пред три години ја примиле оваа вакцина, повеќе од половина денес се живи.



За сега овој пристап на лечење е испробан само врз пациенти заболени од рак на крвта, но се верува дека сличен принцип би можел да биде ефикасен и кај другите видови на рак – рак на дојка, јајници, дебело црево или простата, кои исто така во себе содржат WT1 протеин.

Иако некои научници тврдат дека сме на прагот на откривање на универзална вакцина против ракот, истражувачот Гинтер Коун од Меморијалниот центар за истражување на рак „Sloan Kettering“ во Њујорк, скромно тврди дека тоа до сега не е случај. За жал, еден дел од пациентите воопшто не реагирале на овој третман.

- Навистина верувам дека сме на прагот на огромно откритие кое ќе промени сè. Моите пациенти беа отпуштени од болница и сметавме дека ќе починат за најмногу еден месец, но се согласија на оваа терапија знаејќи дека немаат што да изгубат. По година дена, кога ги повикав да ги прашам како се и што прават, неретко добивав одговор „Извинете докторе, имам толку многу обврски што немам време да дојдам до болница“, изјави д-р Коун.



Неговиот метод се состои од земање дел од коскената срж од здрави донатори и изолирање на Т лимфоцити од матичните клетки. Пациентот веднаш прима терапија од матичните клетки, додека Т лимфоцитите во лабораторија се подложат на протеинот WT1, се додека не станат чувствителни на него и не почнат да го напаѓаат. Потоа, овие изменети Т клетки, на неколку месеци се вбризгуваат во крвната плазма на пациентот и патот кон оздравувањето може да започне. Секако, се случувало канцерот повторно да се врати кај некои пациенти, но новата тура на терапија повторно помагала. При тоа, оваа вакцина има далеку помалку несакани дејства во однос на зрачењето или хемотерапијата.

Моментално и во САД и во Велика Британија се спроведуваат клинички истражувања на овие генетски произведени супер-имуни клетки, бидејќи навистина носат нова надеж против опасни видови на рак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...