Болести поврзани со крвните групи

По долги години поминати во истражување на човечкото тело научниците и лекарите велат дека постои поврзаност помеѓу крвната група и определени здравствени проблеми. Според истражувањата секоја група е подложна на определени слабости, а со тоа и на определени болести. Вистинскиот избор на храна и воведувањето на здрави навики можат да ви помогнат да ги избегнете овие проблеми.

Проблеми со меморијата

Дури 82 проценти од луѓето кои имаат АБ крвна група имаат проблеми со меморијата, јазикот и задржување на вниманието за разлика од другите групи. Научниците веруваат дека ова се случува поради главниот протеин задолжен за згрутчување на крвта, уште познат како коагулационен фактор VIII што може да го намали количеството на крв кое оди до мозокот.

-Бидејќи нивоата на VIII факторот се поврзани со крвната група можеби постои причинско- последична врска меѓу типот на крвта и когнитивната функција, велат научниците.

Рак на панкреасот

Луѓето кои се 0 крвна група имаат помал ризик да заболат од рак на панкреасот поради тоа нивните црвени крвни клетки не носат антигени, што не е случај со другите крвни групи. Според истражувањата луѓето кои во себе ја носат бактеријата Helicobacter pylori почесто заболуваат од рак на панкреасот, особено ако А и Б антигените и помагаат на истата да се размножува.

Срцеви заболувања

Студијата на универзитетот од Харвард што беше спроведена во 2012-та покажува дека луѓето кои не се 0 крвна група се изложени на поголем ризик од кардиоваскуларни болести. Истата студија покажува дека најмногу на удар се оние кои имаат АБ крвна група.

Стрес

Пациентите со крвна група А имаат повисоки нивоа на стрес хормонот кортизол. Колку повеќе кортизол има во крвта, толку реакцијата на стресот станува посериозна. Крвната група А полесно се вознемирува и уште потешко се смирува. Токму затоа на овие луѓе им се препорачуваат јога вежби и честа медитација.

Нарушувања на метаболизмот

Освен тоа што може да се најдат во вашите црвени крвни клетки, антигените често се наоѓаат и во вашиот дигестивен тракт - околу 80 отсто од луѓето спаѓаат во оваа категорија. Голем дел од бактериите кои живеат во стомакот на луѓето ги користат антигените како храна. Истражувањата покажуваат дека луѓето со крвна група Б имаат 50 илјади пати повеќе пријателски бактерии од оние со крвна група А или 0.
Промената во микрофлората не ретко може да предизвика разни промени во метаболизмот вклучувајќи ги тука дијабетесот и прекумерната тежина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...