Дали боледувате од најстрашната болест?

Иако како најопасни болести се издвојуваат ракот и заболувањата на крвните садови, луѓето сепак најмногу се плашат од деменција. Ова го покажало британското истражување кое наведува дека во текот на следните 35 години, бројот на заболени од Алцхајмерова болест двојно ќе се зголеми.



Но, во стресното и динамично секојдневние, кое меѓу останатото е погубно и за краткорочното помнење, тешко е да се разликува обичната заборавеност од деменцијата. Иако Алцхајмеровата болест е најчестиот облик, деменцијата е збир на повеќе од 200 различни болести, што дополнително ја отежнува дијагнозата. Исто така, мозокот природно се намалува, па од 50-та до 56-та година од животот овој орган во просек губи 120 грама, а се намалува и нивото на нервротрансмитерите. За најмалку 20 промени во мозокот и деменцијата, виновен е стилот на живеење. Васкуларната деменција често е последица на намалување на циркулацијата во мозокот, што може да се спречи со намалување на тежината и со грижа за крвниот систем.

Сето тоа започнува од ситуациите кога нешто ви е на „врв на јазик“, односно нешто знаете, само што не можете моментално да се сетите.



Затоа лекарите составиле тест од шест прашања, кој ги детектира првите знаци на настапување на деменција. Тие напоменуваат дека овој тест е само информативен и дека не треба да паничите доколку резултатот ви излезе позитивен, но дека секако треба да го посетите лекарот.

1. Која година сме? (точно 0, неточно 4)

2. Кој месец сме? (точно 0, неточно 3). Покрај ова прашање обидете се да ја запомните адресата (пример: Партизански Одреди 5/248 – Скопје)

3. Без гледање на часовникот, кој е наблискиот полн час? (точно 0, неточно 3)

4. Избројте наназад од 20 до 1 (точно 0, една грешка 2, повеќе грешки 4)

5. Набројте ги месеците во годината наназад (точно 0, една грешка 2, повеќе грешки 4)

6. Која беше адресата? (точно 0, една грешка 2, две грешки 4, три грешки 6, четири грешки 8, сè погрешно 10)

Бодување:

0-7: Нема никакви знаци на проблем

8-9: Би било добро да го посетите лекарот

10-28: Поголем проблем, задолжително посетете го лекарот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...