Гинеколозите откриваат што ги полудува кај пациентките

На повеќето жени одењето на гинеколог не им е најпријатната работа на светот. Но, редовните прегледи и отворениот разговор со лекарот можат и тоа како да допринесат за избегнување или детектирање и лекување на одредени болести, како и за одржување на здравјето. Затоа ние ви откриваме неколку работи кои треба да престанете да ги правите, со цел да постигнете најдобра меѓусебна соработка.



Извинување бидејќи не сте депилирани

Вашиот лекар на располагање има само неколку минути кои може да ги помине со вас, а тоа време дефинитнивно не треба да се троши за да се утврди кога последен пат сте се издепилирале или избричиле.

- Многу пациентки ми се извинуваат дека не се депилирани. Но, јас тоа ниту го приметувам, ниту пак знам некој мој колега кој обрнува внимание на тоа. Нам не ни е важно дали нашите пациентки редовно се „средуваат“ или не, туку нивното здравје. Влакната се нормална појава и сите ги имаме, вели гинекологот Морин Мулвихил.

Кога го одложувате прегледот заради менструација

Гинеколозите велат дека не треба да го одложувате прегледот заради ова. Новите технологии кои се користат за папа-тестот овозможуаат да се добијат исправни резултати иако моментално имате менструација.

- Запомнете, јас сум гинеколог, сум присуствувала на многу породувања и сум видела големи количини на крв. Затоа, нека не ви биде непријатно. Многу е поважно пациентките да се држат до закажаните прегледи, вели д-р Дана Џекобај.

Но, во екстремни ситуации, доколку крварењето е исклучително обилно можеби сепак е подобро да го одложите прегледот, бидејќи можно е да се случи од микробиолошката лабораторија каде се испитуваат тестовите, да побараат нов примерок.



Кога сами себе си поставувате дијагноза

Постојат лекови без рецепт со кои можете да се решите од габичките кои ви го нападнале интимниот предел, но за што и да ве загрижува, мора прво да му се обратите на лекарот.

- Не доаѓајте на преглед на сред користење некој лек бидејќи тогаш многу е тешко да се направи преглед. За лечење на инфекции на уринарниот тракт потребни ви се антибиотици кои се набавуваат само со рецепт, а кога ќе почнете со оваа терапија, мора да ја земате до крај. Во нормални услови жените се чувствуваат подобро во рок од 24 часа од почетокот на користење на лекот, но тоа не значи дека треба да престанат со терапијата, вели Бет Батаглино, членка на непрофитно здружение кое се занимава со образување на жените за нивното здравје.

Таа напоменува дека доколку сте склони кон повторување на инфекцијата, најдобро би било за ова да му напоменете на лекарот.

Кога не кажувате кои лекови ги користите

Можеби мислите дека не е потребно на вашиот гинеколог да му споменете доколку пиете лекови, сметајќи дека тоа не би влијаело на прегледот или на таблетите за контрацепција по кои сте дошле. Но, тоа не е така. Гинекологот мора да знае какви лекови земате бидејќи тоа може и тоа како да влијае на вашето здравје.

Кога не кажувате ни збор

Гинеколозите тврдат дека сакаат да слушнат сè што имате на ум, дури и доколку тоа ви се чини глупаво или чудно.

- Наша одговорност и должност е да им помогнеме на пациентите донесувајќи правилни одлуки за здравствена помош. Можеби вам заради некои проблеми ви е непријатно, но во одредени случаи срамежливоста може да ви го загрози животот, предупредува д-р Ненси Лебовитц.



Кога не се тестирате редовно за рак на грлото на матката

Експертите се едногласни во тоа дека нема сомнеж дека редовните прегледи за рак на грлото на матката спасуваат многу животи.

- За жал многу често пациентките предолго чекаат пред да побараат стручна помош. На пример, исцедокот со непријатен мирис лесно може да биде дијагностициран како рак на грлото на матката од IV степен, вели д-р Батаглино.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...