Хроничниот умор и официјално стана болест

Синдромот на хроничен удар, болеста на модерното време, наскоро може да добие ново име и критериуми за дијагностицирање. Тоа значи дека сите оние кои патат од овој синдром, ќе може да се лечат со специфична терапија и да имаат оправдување за отсуство од работа.

Стручњаците во независната група формирана од владата на САД, се согласиле и официјално го прифатиле синдромот на хроничен умор како легитимна болест, кој ја карактеризираат пет основни симптоми. Одборот на Медицинскиот институт предлага овој синдром да се преименува во „болест на системска интолеранција на стрес“ за подобро да се објаснат и сфатат последиците од состојбата на човечкиот организам.



Пресвртот во однос на овој синдром, кој до сега многу лекари не го сфаќале сериозно, би можел и официјално да се потврди. Научниците веќе докажуваат дека медицински нешто не е во ред со здравјето на пациентите кои се жалат на хроничен умор.

Првите податоци за постоењето на синдром на хроничен умор датираат од пред половина век. На почеток болеста се поврзувала со мијалгичен енцефаломијелитис (воспаление на мозокот или нервите кои предизвикуваат болки во мускулите), но тогаш не се поврзувала со хроничен умор и не се идентификувала како посебна болест сè до половината на 70-тите години од 20-тиот век.

- Верувам дека конечно започнавме процес со кој им овозможуваме на пациентите кои боледуваат од синдромот на хроничен умор да добијат подобра и поефикасна терапија. Најтешките форми на болеста можат сериозно да го загрозат животот на пациентот и поради тоа не смееме таквите пациенти да не ги третираме сериозно, изјавила Сузан Вернон, научен директор од здружението кое се занимава со решавање на проблемот на овие пациенти.

Синдромот на хроничен удар е многу тешко да се дијагностицира. Не постои никаков крвен тест за утврдување на болеста. Од друга страна, многу други болести се предизвикани од слични симптоми, па токму затоа дијагнозата се воспоставува преку елиминација на други болести. До сега, лекарите се потпираа на дефиниција на случаите на хроничен удар од 1994 година, наменет да им помогне на истражувачите во испитувањето на ситуацијата која во тоа време не била докажана како болест.



Според новите извештаи, личностите кои патат од синдром на хроничен умор мора да имаат три основи потешкотии:

  • Тешкотии при завршување на секојдневни активности кои траат најмалку шест месеци, попратени со тежок умор.
  • Влошување на симптомите по кој било вид на вежби, вклучувајќи ментална или психичка терапија или влошување по емотивен стрес.
  • Чувството на умор и по спиење.

За да се дијагностицира оваа состојба, лекарите мора да потврдат и два додатни симптоми: потешкотии при комуникација и помнење, како и намалување на тегобите во лежечка положба. Потребно е овие симптоми да траат најмалку шест месеци и да бидат половина или многу изразени.

Докторката-педијатар Елен Рајт Клејтон, се надева дека новите критериуми ќе им овозможат на пациентите кои боледуваат од овој синдром полесно да дојдат до дијагноза.

- Дури и лекар по општа медицина, ќе може на основа на овие критериуми да воспостави дијагноза за хроничен умор. Тоа е голем чекор напред за овие пациенти, бидејќи неопходно е да се докаже дека болеста не е производ на нивните мисли, туку е сериозна и реална.

Од 836.000 до дури 2.5 милиони Американци патат од синдромот, кој најчесто ги погодува личностите помеѓу 40 и 50 годишна возраст, а 4 пати почесто се жалат жените.



Се јавува како силно чувство на умот кој обично го следат типични симптоми на обична настинка или грип: црвенило на грлото, болки во мускулите и благо повишена температура. Личностите имаат чувство дека никогаш нема во целост да оздрават. Како што поминува времето, симптомите не само што не се намалуваат, туку изгледа дека се зголемуваат бидејќи се појавуваат нови болки, стомачни и цревни нарушувања, губење на тежината и во поодмината фаза – долготраен затвор. Сите овие гастроинтестинални симптоми обично се јавуваат поради нарушување на хранливите намирници. Присутна е и тенденција кон алергии, со оглед на тоа дека повеќето личности кои патат од синдром на хроничен умор порано веќе пателе од алергиска кивавица, чести воспаленија на крајниците или на грлото. Сите споменати проблеми на крајот обично се решаваат преку антибиотици. Сепак, во пракса, болеста се лекува, без оглед на тоа што дијагностичките критериуми до сега не ни постоеле и што вистинската причина за овој синдром се уште не се знае. Истражувачите до сега го поврзувале хроничниот умор со воспаление на нервните клетки на мозокот, додека некои веруваат дека хроничниот умор се јавува поради одредено нарушување во имунолошкиот одговор на пациентите.

Условот е барем шест месеци пациентот да има 4 или 8 од следните симптоми:

  • Раздразливост
  • Екстремен умор
  • Умерено повишена температура
  • Болка во грлото и лимфните жлезди
  • Болка во колената и зглобовите
  • Проблеми со концентрацијата
  • Главоболки
  • Чувството на умор не престанува и по спиењето
  • Болки и слабост во мускулите
  • Заборавеност

Кој го погодува овој синдром:

  • Години: Личности од 40 до 50 години. Поретко се јавува и кај децата
  • Пол: Четири пати почесто ги погодува жените отколку мажите
  • Животни навики: Личности изложени на стрес, дебели и оние кои не водат активен физички живот
  • Социо-економски статус: Синдромот почесто ги погодува оние со помалку пари
  • Генетика: Болеста често се јавува кај оние пациенти чии членови од блиското семејство веќе пателе од хроничен умор

Слични болести:

  • Лајмска болест
  • Фибромијалгија
  • Синдром на заливска војна
  • Интолеранција на глутен
  • Пост полио синдром
  • Дефицит од витамин В1

Како се лекува?

  • Моментално нема специфична терапија

Лекови:

  • Антидепресиви, анксиолитици, лекови против болки и лекови за спиење

Терапија:

  • Техники за опуштање на мускулите, советувања кај психолог и физички вежби

Навики:

  • Намалување на стресот, избегнување на кафе, алкохол, цигари, намалување на ритамот на живот

Алтернативна медицина:

  • Акупунктура, масажа, јога и медитација



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...