Со кои здравствени проблеми најмногу се соочуваат мажите?

Мажите воопшто не сакаат да одат на лекар, како што одат жените кои веднаш знаат да се обратат на нивниот гинеколог доколку забележат сомнителен вагинален исцедок. Можеби и токму затоа тие се поголеми паничарки, но редовните контроли некогаш може да ни го спасат животот.

Типично за мажите е да си мислат дека проблемот ќе исчезне сам од себе. Но, некогаш не е така. Време е да ја тргнат тврдоглавоста и егото и да обрнат внимание на симптомите. Општо земено, здравиот начин на живот, рутински посети на лекар и превентивни прегледи се најдобрите начини за да се заштити здравјето.



Ова се водечките причини за смрт кај мажите во целиот свет:

  • Рак на дебелото црево и на ректумот – Ова е најчестиот внатрешен канцер и втората најчеста причина за смрт од рак, по рак на белите дробови.
  • Болести поврзани со срцето – По 45-тата година, ризикот од болести на срцето почнува нагло да се зголемува.
  • Рак на простатата – На глобално ниво, ова е главната причина за смрт кај мажите над 50-та година.
  • Несреќи – Исто така наречени ненамерни повреди.
  • Хронични болести на респираторниот систем – Група на болести која ги опфаќа белите дробови.
  • Мозочен удар – Контролирањето на високиот крвен притисок може да го намали ризикот од мозочен удар.
  • Дијабетес – Повеќето мажи не се ни свесни за ова се додека не го изгубат видот, не добијат болест на бубрезите или еректилна дисфункција.
  • Самоубиство – Мажите се самоубиваат за 4 пати повеќе од жените
  • Деменција и Алцхајмерова болест – Овие болести обично се јавуваат по 65-тата година, но исто така ги опфаќа мажите и по 30, 40 и 50 години.
  • Рак на грло и белите дробови – Пушењето цигари е главна причина за развивање на овој вид канцер.

За жал, многу мажи доцна се обраќаат на лекар. За да не дојде до тоа, мора да внимавате на секој симптом што ќе го забележите. Д-р Џулијан Витејкер од клиниката за машки болести во Америка, дава одредени совети за машкото здравје со цел мажот да одржува здрав и витален живот.

  • Елиминирајте ја храната направена од бело брашно
  • Држете се подалеку од опасните масти
  • Секојдневно консумирајте мултивитамини
  • Одржувајте ја и грижете се за вашата тежина
  • Пијте алкохол само во умерени количини
  • Заштитете си ја простатата
  • Мастурбирајте како превенција од канцер и за да си го зајакнете имунитетот
  • Одржувајте енергична сексуална активност
  • Одржувајте блиски врски

И запомнете момци, навистина мора да почнете да зборувате за вашите здравствени проблеми, на ист начин на кој жените тоа го прават. Делете детали за вашето здравје и на тој начин ќе може да ја превенирате болеста која ќе ве нападне вас или некој ваш другар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...